Снежни врнежи ја зафатија Општина Драгаш

Од раните утрински часови на подрачјето на општина Драгаш врне снег. Врнежите од снег засега се околу десет сантиметри и не го загрозија нормалното функционирање на сообраќајот на регионалните патишта. Засега сообраќајот на локалните патишта е отежнат и тешко е да се движите кон одредени населени места и се препорачува употреба на зимска опрема.

Дирекцијата за итни интеревенции од општина Драгаш тргна со својата механизација на терен и очекува до попладневните часови да се стигне во сите населени места во областа на општина Драгаш. Големите снегулки се лепат за електричната инсталација, така што може да се очекува ако врнежите не престанат да има привремен прекин во снабдувањето со струја.

Во областа Гора на Косово, во падините на Шар Планина распослани се 18 села населени со Македонци.