Софија призна дека има Македонци во Бугарија за тоа бара од Македонија да се откаже од Македонското национално малцинство во Бугарија

Подршката на Бугарија за влезот на нашата држава во ЕУ никогаш не била безусловна вели министерката за надворешни работи Екатерина Захариева. Конкретните услови веќе влегле во бугарското собрание.

Во предлог документот на Бугарското собрание Софија го повикува Скопје да го спроведува ефикасно, без одлагање и со добра волја Договорот за пријателство, добрососедство и потпишан пред 2 години од Премиерите на двете земји. Бугарија бара целосно спроведување на договореното во експертските комисии од двете држави и да бидат вклучени во училишните програми во најкус можен рок. Исто така во предлог текстот се посочува дека Бугарија  се залага за прифаќање на историската вистина за заедничка историја што ја споделуваат двете држави и народи“ и да прекине секаква форма на говор на омраза кон граѓаните на двете земји и во медиумите и на спомениците.

-Екатерина Захариева, министер за надворешни работи на Бугарија. Бугарија дава зелено светло и на Албанија на патот кон ЕУ во пакет со нашата земја, но ја условува и официјална Тирана да гарантира почитување на непостоечко бугарското малцинство и спроведување на попис согласдно европските стандарди./www.sitel.com.mk