Соопштение на Македонската амбасадата во Тирана за македонските државјани кои патуваат во Албанија 

Македонската амбасада во Тирана, преку објава на Фејсбук ги информира македонските државјани кои патуваат во Република Албанија или имаат намера да го користат аеродромот во Тирана.

Албанија нема ограничување за влез, излез, транзит или престој за македонските државјани на нејзина територија. Единствено ограничување во Република Албанија е забраната за движење од 20:00 до 06:00 часот. Движењето во овој временски период е со претходно одобрение, стои во објавата на амбасадата. Дополнително се даваат иструкции за оние кои го користат меѓународниот аеродром во Тирана.

Државјаните на Република Македонија кои го користат Меѓународниот аеродром во Тирана за патување во трета земја, треба претходно да ги исполнат условите за влез во истата. Иако Албанија не бара негативен ковид тест, карантин и слично, доколку крајната дестинација има одредени рестрикции, албанските органи бараат истите да се исполнуваат, во спротивно полетувањето нема да биде дозволено, се посочува во објавата.

Фејсбук страна на македонската амбасада во Тирана (https://www.facebook.com/MKembassyALB/ профункивнира деновиве, што лично го објави амбасадорот Дaнчо Марковски.

Драги пријатели, со особено задоволство сакам да ве информирам дека започна да функционира Фејсбук страната на македонската амбасада во Тирана. Корисна алатка преку која ќе можете да ги следите најинтересните случувања и активности од нашата работа, напиша амбасадорот Марковски во објава на македонски, албански и англиски јазик. Тој уште додаде дека во исто време страната ќе биде „ваш hotspot на информации и сервисни услуги за прашања од сферата на економијата, трговската соработка, културата, образованието и туризмот“.

Advertisement