Совет на Европа до Бугарија: Да не се забрануваат здруженијата на македонското малцинство

Комитетот на министри ја повика бугарската влада „да упати порака и да ги продолжи своите напори за подигање на свеста дека на здруженијата чија цел е да се постигне ‘признавањето на македонското малцинство во Бугарија’ не треба да им се забранува да се регистрираат поради целите на здруженијата и средствата за нивно постигнување, што е спротивно на пресудите на Европскиот суд во овие случаи и дека таквите здруженија не треба да бидат предмет на постапки за распуштање по слична основа“.

Ова е соопштението од денешниот состанок на Комитетот на министрите на Советот на Европа. Во Советот на Европа досега се поднесени повеќе жалби од македонски организации и поединци Македонци, граѓани на Бугарија, против одлуките на бугарските власти да го забрануваат делувањето на овие здруженија. Комитетот се повикува на член 46 од Конвенцијата за заштита на човекови прави и основни слободи.

Против ваквото делување на бугарските власти досега се донесени и неколку пресуди на Судот за човекови права во Стразбур кои во Бугарија воопшто не се спроведуваат. Бугарија е осудена 13 пати во Стразбур за тоа што ги дискриминира Македонците.

Advertisement