
Советот на чувари во Иран го одобри законот со кој се прекинува соработката на Техеран со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), објави денеска Иранскиот клуб на млади новинари, повикувајќи се на ова тело составено од свештеници и правници кое ја испитува усогласеноста на законот со Уставот и исламското право.
Законот, кој претходно беше изгласан од иранскиот Парламент, би можел дополнително да ги наруши релациите на Иран со Западот и да има ефект врз меѓународниот мониторинг над неговата нуклеарна програма, пренесоа британските медиуми.
МААЕ сè уште нема дадено формален одговор на одлуката.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden