
Осминафиналната рунда на СП ќе започне веќе вечерва во Хјустон каде Канада ќе игра притив Мароко со почеток во 19 часот.
Вечерва ќе се игра уште еден меч и тоа меѓу Парагвај и Франција во 23:00 часот во Филаделфија.
Победниците од натпреварите во Хјустон и Филаделфија ќе се сретнат во четвртфиналето.
Бразил ќе игра против Норвешка в недела од 22:00 часот во Њујорк, а подобриот од овој меч во четвртфиналето ќе се сретне против подобриот од мечот меѓу Мексико и Англија кој ќе се игра во понеделник рано наутро во 2 часот во Мексико Сити.
Мечот Португалија и Шпанија е закажан за в понеделник од 21:00 часот во Далас.
Истата вечер, но во 2 часот рано наутро во вторник, САД ќе игра против Белгија во Сиетл. Победниците од натпреварите во Далас и Сиетл ќе се сретнат во четвртфиналето.
Аргентина за протвиник го има Египет, а мечот ќе се игра во вторник (7 јули), од 18:00 часот во Атланта.
Подобриот од овој дуел, во четвртфиналето ќе игра со подобриот од средбата меѓу Швајцарија и Колумбија, во вторник (7 јули) во 22:00 часот во Ванкувер.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden