Споменик на Цар Александар Македонски поставен во Атина

Споменик на крал Александар Македонски е поставен во центарот на Атина, на аголот меѓу улиците Амалија и Василисис, објави грчкиот весник „Катимерини“.Ова е втора статуа на Александар Македонски во Грција, покрај онаа поставена во Солун во близина на Белата кула. Станува збор за споменик кој е дело на истакнатиот грчки скулптор Jaнис Папас (1913-2005).

Одлуката да се постави споменик на еден од најголемите војсководци во историјата го донесе градскиот совет на Атина. Трошокот за поставување на споменикот на Александар Велики висок 3,5 метри бил подмирен од семејството на уметникот. Александар Македонски умрел во 323 пред новата ера, откако македонското царство го проширил до Индија.

Advertisement