Србија денеска потпишува договор за слободна трговија со Евроазиската економска унија

Денеска во Москва српската премиерка Ана Брнабиќ треба да потпише договор за слободна трговија меѓу Србија и Евроазиската економска унија, предводена од Русија.

Влегувањето на Србија во оваа трговска зона, според оценките во Белград и во Москва, ќе значи нејзина целосна нова фаза со оглед на тоа што влегува на пазар со капацитет од над 182 милиони потрошувачи.

Оваа унија е основана во 2015 година, и во неа како членки се вклучени: Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан и Киргистан.

Advertisement