Сребро за Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски на Европските игри во Краков

Македонија го освои првиот медал на Европските игри во Краков, Полска, откако нашиот најдобар Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски загуби во финалето во категоријата над 83 килограми, губејќи со 2-0 од британскиот ривал Кејден Луис Канингем. Со ова се комплетираше фантастичниот настап на сребрениот од Олимпијадата во Токио, а Георгиевски на патот до финалето ги совлада Италијанецот Матија Молина и Украинецот Андриј Харбар.

Advertisement