Средба на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј со Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Рим

Денеска во Рим, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски г. Георгиј, остварил средба со Неговата Сесветост, Вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј.

Како што објави Дебарско-кичевската епархија при МПЦ-ОА, средбата се одржала во рамките на престојот на Вселенскиот патријарх во Рим, каде што на Папскиот универзитет „Свети Тома Аквински“ (Angelicum), по повод свеченото отворање на академската 2026/2027 година, му бил доделен почесен докторат по теологија.

Средбата претставуваше можност за лична средба и разговор, а во духот на евангелската љубов и взаемното почитување – наведува на својата страница Дебарско-кичевската епархија.