Средба на претставници на граничните полиции на Албанија, Македонија и Црна Гора 

Претставници на граничните полиции на Албанија, Македонија и Црна Гора во Корча одржаа трипартитна прекугранична средба организирана од мисијата на ОБСЕ во Албанија.

Како што објави мисијата на ОБСЕ на официјалната интернет страница посебно внимание било посветено на илегалната миграција, како и начинот на справувања со пандемијата во трите земји.

Во центарот на состанокот беа предизвиците создадени од пандемијата COVID-19 и нивното управување. Посебно внимание беше посветено на нерегуларната миграција, која иако беше ограничена за време на минатогодишниот карантин, годинава повторно се зголеми.

И покрај тешките услови создадени од пандемијата, заедничките патроли меѓу граничните полиции на Албанија и Црна Гора се обновени и договорено е да се обноват и со Македонија.

ОБСЕ ќе продолжи да ја поддржува граничната полиција во борбата против прекуграничниот криминал и во ефективно управување со кризи.

 

Advertisement