Среќен први мај меѓународниот ден на трудот

Меѓународниот ден на трудот 1 мај се одбележува во знак на почит на жртвите на штрајкот одржан од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго. На овој штрајк на кој излегле стотина илјади работници, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден, употребена е сила од страна на полицијата, при што имало и жртви. Во знак на почит кон жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот оснивачки конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба. Во многу земји 1 мај е државен празни и традиционално секоја година ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот. Многу ангажирани уметници низ своите уметнички дела во вид на плакати дале придонес во оваа класна борба.

Advertisement