Стерјовски е учесник на Академијата за човекови права и малцинства во Воскополе

Стерјовски е учесник на Академијата за човекови права и малцинства во Воскополе, која се одржува од 22-27 август 2019 година во село Воскополе, Корча, организирана од Албанската група за човекови права (АХРГ).

На Академијата свое предавање одржа и м-р Васил Стерјовски кој пред присутните студенти на Академијата одржав предавање за положбата и правата на Македонската заедница во Албанија.

Оваа година, на својата 10-годишнина, Академијата е поддржана од УНФПА и АЦВ (Албанија помош во заедницата) и во соработка со Мрежата на организации „Глас на младите“ и Y-PEER Албанија.

Академијата обезбедува основни знаења за правата во демократско општество, што треба да знаат младите и како да постапуваат за да бидат вредни во нивниот активизам за почитување и спроведување на правата на граѓаните.

Дискриминација, справување со минатото, функцијата на албанскиот Парламент и институции во корист на граѓаните, медиумите, изборните кампањи, жените и децата, разбирање и имплементација на националните закони и меѓународни конвенции, за малцинствата, известувања, потоа младински ангажман.

Албанската група за човекови права е најзначајна невладина организација во Албанија во областа на човековите права. Таа е основач и на Академијата за малцинствата, која што се одржува секоја година, со поддршка на странските амбасади и други донатори.

Со учеството на Академијата, м-р Васил Стерјовски придонесе за афирмирање и заедништво меѓу различните етнички малцинства во Албанија.

 

Advertisement