
Во организација на ОБСЕ во Корча се одржа тркалезна маса со претставници на малцинствата во оваа земја, на која како претставник на македонското малцинство учествуваше Васил Стерјовски, присуствуваше и амбасадорот на ОБСЕ во Албанија, г-дин Мишел Таран.
Стерјовски му се заблагодари на ОБСЕ за постојаната поддршка на правата на малцинствата во Република Албанија, ја искористив оваа прилика да ги изнесам предизвиците со кои се соочува македонската заедница.
Во моите обраќања истакнав некои од клучните прашања за кои бараме поддршка:
– Зајакнување на образованието на македонски јазик,
– Застапеност на Македонците во институциите на сите нивоа,
– Загарантирани квоти за малцинствата во албанското Собрание,
– Поддршка во создавањето на услови за економски развој во регионот каде што живеат Македонците.
Стерјовски се освртил и на актуелната политика на Бугарија, за асимилација на Македонците во Република Албанија, што е сериозен предизвик за нашиот идентитет и култура.
Васил Стерјовски изкажа благодарност до амбасадорот Мишел Таран за неговата безрезервна поддршка и охрабрувачките зборови, кои ни даваат сила и мотивација да продолжиме со нашата борба за зачувување на македонскиот јазик, идентитет и култура.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden