Стратегијата за унапредување и заштита на правата на националните малцинства во Република Српска

На 30 Октомври 2018 година во Бања Лука, Република Српска во просториите на Сојузот на националните малцинства на Република Српска, се одржа првиот состанок на Работната група за изработка на Стратегијата за унапредување и заштита на правата на националните малцинства во Република Српска.

Членовите на работната група ги назначи Владата на Република Српска и ги сочинуваат претставници на Министерството за управа и локална самоуправа (како изработувач на Стратегијата), Министерството за економски односи и регионална соработка, Клубот на останатите во Советот на народите на Република Српска ,Советот за национални малцинства при Народното собрание на Република Српска, и Сојузот на националните малцинства на Република Српска.

Дневниот ред на состанокот беше да се дефинира рамката за изработка на наведената Стратегија, како и потребните активности што ќе следат во наредниот период. Стратегијата ќе ги опфати сите области на правата на националните малцинства, а се планира да биде проектирана за период од 2019-2023 година.

Во Република Српска активни се 11 национални малцинства, од 17 колку се признати со Уставот на Република Српска: Македонци, Украинци, Унгарци, Евреи, Словенци, Италијани, Чеси, Словаци, Црногорци, Пољаци, Роми.