Организаторот на фестивалот, високо ценејќи ги достигнувањата и искуствата на карневалистите на Струмичкиот карневал го искористил учеството на македонските  групи да сподели дел од стекнатите искуства. Од струмичкиот карневал велат дека се задоволни од настапот и презентацијата.

Од таму наведуваат дека со ова гостување бележат уште едно успешно претставување на вредностите и традициите на Струмичкиот карневал во странство, како прво такво патување во услови на Ковид пандемија. Додаваат дека и во такви услови, преку доследно почитување на пропишаните мерки и протоколи, струмичките карневалисти го искажале својот ентузијазам и желба за чување и негување на карневалската традиција во Струмица.