Светскиот ден на слободата на печатот обраќање на претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Харлем Дезир (ВИДЕО)

По повод Светскиот ден на слободата на печатот, претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Харлем Дезир, нагласува дека квалитетот на нашите демократии зависи од квалитетот на нашите информации и од постоењето на плуралистички и независни медиуми. Тој, исто така, нагласува дека, иако постои јасна потреба за борба против ширењето на лажни и манипулирани информации, ние мора да осигураме дека тоа не ја поткопува слободата на изразување или слободниот проток на информации.