Светско првенство во фудбал: ФИФА очекува приход од над 10 милијарди евра

Светско првенство во фудбал годинава се очекува да биде најголемиот, но и турнирот кој ќе донесе најмногу пари за ФИФА, со проектирани рекордни приходи од продажба на билети кои би можеле да достигнат околу 11 милијарди долари. (10.2 милијарди евра).

Според проценките на ФИФА, новиот проширен формат со 48 репрезентации значително го зголемува бројот на натпревари, што директно влијае и на растот на приходите. Дополнително, големиот капацитет на стадионите треба да донесе и поголем број навивачи на трибините.

Мундијалот ќе се игра во САД, Канада и Мексико, во периодот од 11 јуни до 19 јули оваа година, при што организаторите очекуваат вистински спектакл, но очигледно и голема заработка.