Tag Archives: Александар Николоски

Николоски го отвори Виенскиот економски форум

Ја имав честа да го отворам Виена економскиот форум, објави на социјалната мрежа на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Виенскиот економски форум (VEF) ја поттикнува економската соработка меѓу земјите од регионот „од Јадран до Црно Море“ и ги обединува бизнис-заедницата, институциите и политичките чинители со фокус на развој на заеднички проекти во инфраструктурата, енергетиката, дигитализацијата и иновациите. ...

Read More »

Николоски: Во декември ќе избереме изведувач за автопатите Скопје-Блаце и Кичево- Букојчани, полека го комплетираме цел патен Коридор 8

Очекувам во декември да избереме изведувач за изградба на автопатите Скопје – Блаце и Кичево – Букојчани. Доколку дозволат временските услови веднаш ќе почне да се работи, доколку не, напролет ќе се работи, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, говорејќи за динамика за изградба на автопатите на Коридор 8. Рокот за поднесување на понуди заврши, ...

Read More »

Николоски: Првпат по шест децении се обновува инфраструктурата, ова ќе остане запишано во историјата на Македонија

На увид сме на два значајни проекти. Првиот, кој се однесува на товарниот превоз, срцето на железничкиот сообраќај во Македонија, е од исклучително значење, имајќи ја предвид географската позиција на државата, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Николоски појасни дека со новата делница која почнува од Драчево и води директно кон Илинден, товарните возови повеќе нема да ...

Read More »

Вицепремиерот Николоски на средба со УКЕФ во Лондон: Македонија со огромна подршка од Велика Британија го започнува најважниот регионален проект за брза пруга на Коридор 10

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт на Македонија, Александар Николоски во рамки на работната посета на Обединетото Кралство, денеска оствари средба со претставници на Националната агенција за извозно финансирање – УКЕФ.  На состанокот се разговараше за подршката што ја овозможува УКЕФ кон земјите од Западен Балкан во делот на обновливите извори на енергија, транспортот и здравството. Вицепремиерот Николоски ...

Read More »

Николоски од Обединетото Кралство: Македонија е на пат да реализира огромни инфраструктурни проекти во делот на железничкиот и патниот транспорт

Стабилни економски и политички односи, високо ниво на трговска соработка меѓу Македонија и Велика Британија и силен партнер во реализацијата на стратешките цели на земјата. Ова беше констатирано на средбата помеѓу потпретседателот на Владата и минстер за транспорт Александар Николоски и државниот министер во Одделот за бизнис и трговија во Владата на Обединетото Кралство, Сер Крис Брајан,  која денеска се ...

Read More »

Николоски: Нашите кандидати се вистинскиот избор – очекувам убедлива победа уште во првиот круг

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска изрази оптимизам дека денот на локалните избори ќе помине мирно, а резултатите ќе донесат, како што рече, „голема и извесна победа“ за неговата партија. „Се надевам дека ќе имаме еден мирен изборен ден во кој граѓаните ќе можат да го искажат својот избор,“ изјави Николоски, додавајќи дека досега изборниот процес се одвива без инциденти. ...

Read More »

Николоски: Во Ѓорче Петров со поддршка од Светска банка целосно ќе се реконструираат улици

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денес се обрати заедно со кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски. Николоски се осврна на проект, кој е дел од поширока програма за изградба и реконструкција на локални патишта, со поддршка од Светска банка, а ја нагласи и идејата за развој на индустриска зона околу обиколницата, со цел да се ...

Read More »

Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа, реализираше бројни проекти и покрај тоа што три години се соочуваше со опструкции

,,Во Охрид ќе имаме историски најголема победа на 19. октомври, Кирил Пецаков реализираше бројни проекти и е првиот градоначалник на општината што има далеку поголема поддршка за разлика од првиот пат кога бил избран“, истакна вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на средба со охриѓани. ,,Не е лесно во општина како Охрид, после 4 години да се застане со чист ...

Read More »

Николоски: Со најголемиот инфраструктурен проект, брзата пруга Скопје-Солун, Гевгелија ќе биде центар за туризам и бизнис во регионот

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денес се обрати од народниот митинг во општина Гевгелија, кој се одржа во рамки на изборната кампања со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина“, за локалните избори закажани на 19 октомври годинава. Николоски зборуваше за проектите на кои се работеше изминатиов период во Гевгелија, а се осврна и на обиколницата околу ...

Read More »

Николоски: Најавувам голем инвестициски циклус, средства обезбедени од општините, Владата и Светска банка (ВИДЕО)

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денес беше на увид на градежни активности во Општина Гази Баба заедно со градоначалникот и кандидат за уште еден мандат, Бобан Стефковски. Николоски посочи дека проектот за реконструкција на главната улица „Палмиро Тољати“, која е од поважните сообраќајници во општина Гази Баба, е начинот на кој целосно се решаваат проблемите во општините и во населбите. ...

Read More »