Tag Archives: Архимандрит Партениј

Македонско друштво „Илинден“-Tирана упати честитка по повод изборот на Архимандрит Партениј за нов епископ на МПЦ-ОА

По едногласниот избор на игуменот на Бигорскиот манастир, Архимандрит Партениј, за нов епископ во МПЦ – ОА, и понатаму приситигнуваат честитки од научни работници, здруженија, друштва, месни заедници и многубројни поединци од земјава и од странство. Меѓу низата со честитки е и онаа на претседателот на македонското друштво „Илинден“ -Тирана, Никола Ѓурѓај, кој во свое и во име на друштвото ...

Read More »

Бигорската обител го пречека својот игумен, Архимандрит Партениј како новоизбран епископ

Со серадосно ликување, Светата Бигорска Обител, заедно со притекнатите верници, достоинствено го дочека својот Старец и игумен, Архимандрит Партениј, кој денес едногласно беше избран за нов епископ од страна на светите архијереи на Свештениот Синод на МПЦ-ОА. По повод свечениот пречек, Старецот низ солзи ги упати кон нас овие татковски зборови: Мили мои, во овој миг сум особено возбуден, не ...

Read More »

Архимандрит Партениј: „Секое зло за добро“- во ова богодопуштено време да се пронајдеме себе во себеси

„Битолски Весник“: Се наоѓаме неколку дена пред големиот христијански празник Велигден, а човештвото е исправено пред големиот предизвик како да се преживее и да се спаси од пандемијата. Како ја доживувате заразата со коронавирусот? Пандемијата не само што им го смени начинот на живот на граѓаните, туку во голема мера им го смени и начинот на размислување и сфаќање на животот. ...

Read More »

Четирите триумфални појавувања на Господа

Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, за празникот Цветници, изговорено во манастирската трпезарија на 12 април 2020 лето Господово Мили мои, веќе можеме да кажеме дека изминаа шесте недели од Светата Четириесетница, со што практично и завршува овој Свет и Велик Пост. Пред нас е уште седмата и најголема Седмица, на Христовите спасителни страдања. Оваа единствена по својата содржина Седмица ...

Read More »

Промовирана збирката проповеди на Архимандрит Партениј, „Бог се јави во тело, воскресна во слава“

Во понеделникот вечерта, за време на Бадниковата трпеза на љубовта, беше промовирана првата збирка со проповеди од нашиот Старец, Архимандрит Партениј, насловена како Бог се јави во тело, воскресна во слава. Всушност, овој настан беше изненадување за Старецот, приготвено од нашето монашко братство и сестринство и воедно, со него започна празнувањето на илјадагодишнината од основањето на Свештената Бигорска Обител. Како промотор на ...

Read More »

Вистинското богатство

Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, за единаесеттата недела по Воздвижение, изговорено во манастирската трпезарија на 15 декември 2019 лето Господово. Мили мои, добро и спасително е за човек да знае кое е вистинското богатство во животот. Денес од евангелското четиво (Лука 18,18-27) чувме за младиот човек, којшто Му пристапил на Христа и Го прашал што треба да направи за да има ...

Read More »

Ѓурѓај му ја врачи почесната награда “Илинден” на Архимандрит Партениј

Претседателот на македонското друштво “Илинден” со седиште во Тирана, Никола Ѓурѓај беше во посета на Бигорски манастир и на игуменот Архимандрит Партениј лично му ј врачи почесната награда”Илинден”. Огромна чест ми беше што токму пред патронот на овој познат божји храм, Отсекувањето на чесната глава на неговиот славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, претеча и крстител Господов Јован да ...

Read More »

Архимандрит Партениј: Господ да ни ја чува татковината, да ги просветлува оние на кои им е дадена власт 

Во рамки на Илинденските чествувања во познатиот Бигорски манастир, покрај Свечената литургија беше извршен и чинот на доксологија – молитва за татковината. Во бигорскиот соборен храм на Чесниот Претеча се изврши пригодниот чин на Доксологија – молитва за покој на душите на паднатите борци на браникот од верата и татковината наша како и молитва за просветлување на државните власти и ...

Read More »

Месната заедница “Галичник” му додели на архимандрит Партениј признание

По повод 46-та Галичка свадба, месната заедница “Галичник”, под претседателство на г. Александар Костиќ, одлучи на нашиот Старец, архимандрит Партениј, да му додели плакета во знак на голема благодарност за неговите несебични трудови и заложби за запазување на духот на Галичката свадба, како и за постојаната поддршка кон Галичани и кон галичките традиции, изразувајќи го тоа со зборовите: „Месната заедница ...

Read More »

Архимандрит Партениј во посета на Солунска Митрополија 

Вчера, нашиот Старец, Архимандрит Партениј беше во посета на Светата Солунска Митрополија, каде беше срдечно пречекан од Светејшиот Митрополит Солунски, г. Антим. На средбата Старецот му се заблагодари на почитуваниот владика за неговата љубов и духовна широчина, пројавени преку неговата свештено апостолска мисија да помага на млади луѓе да се стекнат со високо теолошко образование. Имено, имајќи почит кон нашиот ...

Read More »