Македонско друштво „Илинден“-Tирана упати честитка по повод изборот на Архимандрит Партениј за нов епископ на МПЦ-ОА

По едногласниот избор на игуменот на Бигорскиот манастир, Архимандрит Партениј, за нов епископ во МПЦ – ОА, и понатаму приситигнуваат честитки од научни работници, здруженија, друштва, месни заедници и многубројни поединци од земјава и од странство.

Меѓу низата со честитки е и онаа на претседателот на македонското друштво „Илинден“ -Тирана, Никола Ѓурѓај, кој во свое и во име на друштвото и сите Македонци во Албанија наведува дека со посебна радост ја примиле веста за неговиот избор.

„Дозволете ми во мое лично име и во име на Македонското друштво „Илинден” -Тирана, и од името на македонското национално малцинство во Албанија, да Ви го честитам изборот за нов епископ Антаниски на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Ви посакуваме како и до сега, честа и достоинственоста да ве следат и постојано да сте со нас,-стои меѓу другото во честитката.

Посебна радост, како што се наведува, чувствуваат поради одлуката отец партенииј и понатаму за остане во Бигорскиот манастир. „Ви испраќаме изрази на наше длабоко почитување и благодарност за досегашниот ваш влог во Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и нејзините македонски верници и помошта и подршката за божјите храмови во селата каде што живеат Македонци, се наведува во честитката.

Advertisement