Tag Archives: БРИКС

Индонезија стана полноправна членка на БРИКС

Индонезија официјално стана полноправна членка на групацијата БРИКС, соопшти Министерството за надворешни работи на Бразил, кое претседава со организацијата. Индонезија споделува со другите членови на групата поддршка за реформите на институциите на глобалното управување и позитивно придонесува за продлабочување на соработката на глобалниот југ“, соопшти бразилската влада. Индонезија претходно ја изрази својата желба да се приклучи на блокот како средство за ...

Read More »

Белорусија стана партнер на БРИКС

Белорусија стана партнер на БРИКС, објави прес-службата на Министерството за надворешни работи, пренесува РИА Новости. „На 5 ноември 2024 година, претседателот на Република Белорусија, Александар Лукашенко, потпиша писмо до претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, за подготвеноста на нашата земја да се приклучи на БРИКС како партнер“. Како што истакна Лукашенко во својата порака, БРИКС од своето формирање континуирано ја зајакнува ...

Read More »

БРИКС: Членките планираат нов платен систем

Самитот на БРИКС што се одржува во Русија, според налитичарите е сигнал дека Русија нашла начин да застане на патот на западните санкции. Годишниот самит на БРИКС, шеснаесетти од основањето на организацијата во 2006 година, се одржува во Казан, Русија. На него учествуваат 24 шефови на држави и влади, меѓу кои и рускиот домаќин, претседателот Владимир Путин. На неодамнешниот самит ...

Read More »

Русија е домаќин на дводневниот самит на БРИКС во Казан

Рускиот претседател Владимир Путин е домаќин на самитот на организацијата БРИКС кој почнува денеска во градот Казан. Форумот, на кој ќе учествуваат 24 шефови на држави и влади, Путин го смета за дел од иницијативата за создавање нов светски поредок за ставање крај на доминацијата на САД. Средбата ќе продолжи до четврток. Меѓу поважните гости се издвојува кинескиот претседател Си ...

Read More »

Путин ја покани Монголија на самитот на БРИКС

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се сретна со својот монголски колега Ухнаагиин Хурелсух на почетокот на посетата на Монголија и го покани во Русија на претстојниот самит на БРИКС, јави ДПА. „Ве чекаме“, рече Путин за време на средбата во главниот град Улан Батор, пренесуваат руските агенции. Земјите кои брзо се развиваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република ќе ...

Read More »

Турција аплицираше за членство во БРИКС

Турција официјално побара членство во групата БРИКС, со цел да го зајакне своето глобално влијание и да изгради нови врски надвор од традиционалните западни сојузници, објави денеска Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори. Ставот на администрацијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган е дека геополитичкиот центар на гравитација се оддалечува од развиените економии, велат извори. „Турција може да стане силна, просперитетна, ...

Read More »

Азербејџан официјално поднесе барање за пристапување во БРИКС

Баку официјално поднесе барање за пристапување во БРИКС, соопшти министерството за надворешни работи на Азербејџан. „Азербејџан поднесе официјално барање за пристапување во БРИКС“, кажа министерот за надворешни работи Ајхан Гаџизаде. Азербејџан и Кина на почетокот на јули усвоија заедничка декларација за воспоставување стратегиско партнерство, во која азербејџанската страна изрази желба да се придружи на БРИКС, а кинеската ја поздрави интеракцијата ...

Read More »

Малезија се подготвува да стане членка на БРИКС

Малезија се подготвува да стане членка на БРИКС, изјави премиерот Анвар Ибрахим. Групата, првично составена од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, почна да се шири минатата година за да постави нови предизвици за светот во кој сè уште доминира Западот. Досега, БРИКС ги вклучуваше Саудиска Арабија, Иран, Египет, ОАЕ, Аргентина и Етиопија, а уште 40 земји изразија интерес ...

Read More »

БРИКС: Шест нови членки од 2024 година

Самитот на БРИКС што се одржуваше изминатите три дена во Јоханесбург, Јужна Африка, заврши со покана до шест земји да му се приклучат на блокот од 2024 година. Информацијата дека е упатена покана до Аргентина, Египет, Иран, Етиопија, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати да станат нови членки на блокот ја соопшти јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса, за време на воведниот ...

Read More »

Иран бара членство во економска алијанса БРИКС

Иран поднесе барање за приклучување кон групата БРИКС, објавија иранските медиуми. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Саид Хатибзадех изрази надеж дека членството на Иран во БРИКС ќе донесе „дополнителни придобивки“ за сите страни. Во исто време, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, објави дека и Аргентина поднела барање за членство во БРИКС. Но, аргентинските ...

Read More »