Tag Archives: д-р Ѓорге Иванов

Иванов во Обединети Нации на состанок со Помошникот генерален секретар на ОН Моратинос

Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов за време на вториот дел од посетата на САД, во Обединтите нации оствари билатерална средба со помошникот Генерален Секретар на ОН и Висок претставник за Алијанса на цивилизациите при ОН, Мигуел Ангел Моратинос. По средбата беше потпишан Договор за партнерство во рамките на дејностите на иницијативата на Алијанса на цивилизациите при ООН. ...

Read More »

Иванов школата за млади лидери потпиша договор со Универзитетот Тексас – Тајлер од САД

Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов за време на посетата на Универзитетот Тексас – Тајлер во САД, потпиша договор за разбирање и соработка меѓу Школата за млади лидери и Универзитетот Тексас – Тајлер. Договорот предвидува 5 годишна соработка која вклучува размена на студенти и учесници во нивните програмски активности, заеднички проекти во областа на образованието, можности за заеднички ...

Read More »

Средба на претседателот Иванов со германскиот политичар Армин Лаше

Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, вчера оствари средба со германскиот политичар и актуелен пратеник во Бундестагот г. Армин Лашет.На средбата која беше во функција на унапредување на македонско-германските односи, беа размените информации во врска со состојбите со македонските евроинтегративни процеси, а се разговараше и за случувањата во регионот, Европа и светот.Во тој контекст, се разменија размислувања и ...

Read More »

Претседателот Иванов домаќин на Форумот за културна дипломатија – Скопје 2023

Бројни меѓународни претставници меѓу кои пет поранешни претседатели, двајца поранешни премиери, поранешни министри како и повеќе актуелни членови на парламенти ќе бидат гости на поранешниот претседател Иванов кој е домаќин на Форумот за културна дипломатија, што од 4 до 6 септември ќе се одржи во Скопје. Главниот фокус на форумот што за првпат се организира во Македонија е „Промовирање на ...

Read More »

Поранешниот претседател Иванов учествува на 10. Глобален Баку форум во Азербејџан

Претседателот на Република Македонија 2009-2019, д-р Ѓорге Иванов, учествува на 10. Глобален Баку форум во Азербејџан во периодот 9-12 март 2023 година. Јубилејниот десетти Глобален Баку форум се одржува на тема „Светот денес: предизвици и надежи“ и беше свечено отворен со обраќањето на Претседателот на Република Азербејџан Илхам Алијев. На овогодинешниот форум учествуваат голем број актуелни и поранешни претседатели, премиери, ...

Read More »

Поранешниот претседател на Македонија, д-р Ѓорге Иванов, се обрати на форумот за дипломатија во Анталија

Вчера, поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, се обрати на форумот за дипломатија во Анталија кој се одржува под покровителство на Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во периодот 10-13 март 2022 година. Темата на Дипломатскиот форум во Анталија е „Прекодирање на дипломатијата“, а Претседателот Иванов се обрати на панелот на тема „Ревитализација на мултилатерализмот: ОН и ...

Read More »

Почна 11. Школа за млади лидери на поранешниот претседател д-р Ѓорге Иванов

Денес, започна 11. Школа за млади лидери на поранешниот Претседател Иванов, која по прв пат се организира онлајн. Единаесеттата Школа за млади лидери ќе се одржи во текот на овој и следните два викенди во декември на темата „Лидерството во услови на глобални кризи“. Оваа година, околу четириесет учесници и дваесетина предавачи од Македонија и од странство ќе бидат дел ...

Read More »

Објавен e Конкурсот за учество на 11. Школа за млади лидери на Претседателот проф. д-р Ѓорге Иванов

Кабинетот на поранешниот Претседател на Република Македонија 2009-2019, д-р Ѓорге Иванов информира дека по 11-ти пат ќе се одржи традиционалната Школа за млади лидери, но прв пат во онлајн издание, поради мерките и препораките за превенција од корона вирусот. Денес е објавен конкурсот за учество на Меѓународната обука за млади лидери на проф. д-р Ѓорге Иванов, која оваа година ќе биде на ...

Read More »

Ѓорѓе Иванов: Слободата не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано

Поранешниот претседател на Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, испрати честитка по повод празникот Илинден. „Републиката е на народот, бидејќи од него извира сувереноста и во него се слева сувереноста. Република Македонија не е приватна сопственост та некој да тргува со неа, со нејзините атрибути и вредности. Република Македонија не е личен имот та некој да ја распродава. Република Македонија не е ...

Read More »

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи почесната награда “Илинден” на д-р Ѓорге Иванов, поранешен Претседател на Република Македонија

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, на 14.02.2020 година оствари средба со поранешниот Претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во неговиот Кабинет и лично му ја врачи почесната награда ”Илинден”. “Огромна чест ми беше повторно да се сретнам со д-р Ѓорге Иванов, поранешен Претседател на Република Македонија, и лично да му ја предадам наградата. Му посакав добро здрвје ...

Read More »