Tag Archives: драч

Сиљановска-Давкова: Верувам во посветеноста и одговорноста на Хрватска и Словенија кон регионот и очекувам исчекор кон ЕУ

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на годинешната средба на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“, којашто се одржа во Драч, Република Албанија. Укажувајќи на неодржливоста на предолгото чекање на Западен Балкан пред портите на Брисел, заради насушната потреба од проширување на ЕУ со сите европски држави во функција на зајакнување на нејзината улога, како и заради зголемување на ...

Read More »

Албанските власти дозволија истоварување на контејнери со отровен отпад вратени од Тајланд

Брод што превезува  отровен индустриски отпад ќе може да се истовари на албанско пристаниште Драч, соопштија денеска властите откако му беше одбиен влезот во Тајланд и помина со месеци на море. Контејнерскиот брод „Молива“ кој плови под турско знаме, за кој се тврди дека превезувал 102 контејнери полни со отровен отпад, пристигна во водите во близина на пристаништето Драч пред ...

Read More »

Мултиспортски комплекс „Рафа Надал“ ќе се отвори во Драч

На средбата на албанскиот премиер Еди Рама со шпанскиот тенисер Рафаел Надал, договорено е во пристанишниот град Драч да биде изграден мултиспортски комплекс кој ќе ја имплементира методологијата за обука на Академијата „Рафа Надал“. Комплексот ќе биде изграден непосредно до фудбалската академија на Манчестер сити. Има многу шампиони и големи професионалци во светот на спортот, но нема многу шампиони со ...

Read More »

Началникот на Генералштабот на Армијата на Македонија генерал-потполковник Ѓурчиновски учествуваше на 17. конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Драч

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денес учествуваше на 17. конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји (Форум „Б-9“), која се одржува во Драч, Република Албанија. На годинашната конференција се дискутираше за тематската содржина: „Ангажман на младите во одбранбената безбедност: промовирање на вклучување на младите во одбранбени и безбедносни прашања, поттикнување на иновации и ...

Read More »

Германскиот милијардер Рајнхолд Вурт во посета на Драч со мега јахта вредна 150 милиони долари

Супер јахтата на милијардерот Рајнхолд Вирт беше закотвена во пристаништето Драч попатно за да натанкира гориво. Ова значи дека во рок од неколку часа колку што ќе трае полненето на гориво  во државната каса ќе се слеат 2,8 милиони леки, пренесува Топ Ченел. Супер јахтата на германскиот милијардер пристигна вчера од Дубровник и денес ќе продолжи да плови кон Крф. ...

Read More »

Во Драч запленети 22.500 тони шверцувана нафта од Русија

Во најголемото албанско пристаниште, Драч запленет е танкер кој превезувал 22.500 тони шверцувана нафта. Танкерот пловел под либиско знаме, но според првичните сознанија од истрагата тој е по потекло од Русија. Полиција објави дека нејзините структури со цел сузбивање на шверцот со нафта, која пристигнува главно од Либија, но и други земји, обезбедила информации дека танкер кој пловел под либиско ...

Read More »

“Невестински соништа“ од Битола и Битолско се отвори во Драч

Во организација на македонската Амбасада вчера на 18 Мај, во Драч беше отворена изложба од богатиот фундус на Националната установа „Завод и Музеј“ Битола во Драч. Изложбата „Невестински соништа, касели и ковчези“ од Битола и Битолско на авторките Мери Стојанова и Наде Геневска Брачиќ се реализираше во соработка со градоначалничката Емиријана Сако и археолошкиот музеј на Драч. Уникатноста на поставката ...

Read More »

Птичји грип во Драч угинати најмалку 100.000 кокошки

Најмалку сто илјади кокошки се угинати во живинарски фарми во подрачјето на албанскиот пристаништен град Драч, како последица на птичји грип. Угинување на живината се појавило пред две недели, но Министерството за земјоделство постоењето на птичјиот грип – H5N8 го потврди вчера доцна попладне, по обвинувањата на Здруженето за заштита на потрошувачите и локални производители дека се продава живина без ...

Read More »

Македонскиот амбасадор Данчо Марковски во работна посета на Драч 

Поттикнувањето на економско-трговската соработка помеѓу Република Албанија и Република Македонија, разгледување на можностите и потенцијалот за подигање на нивото на туристичката соработка, како и сообраќајното поврзување на двете земји, беа главните акценти од денешната посета на Драч на амбасадорот Данчо Марковски, информираа од македонската амбасада во Тирана. Марковски во Драч бил придружуван од министерот- советник Сашко Ташулов и вториот секретар ...

Read More »