Германскиот милијардер Рајнхолд Вурт во посета на Драч со мега јахта вредна 150 милиони долари

Супер јахтата на милијардерот Рајнхолд Вирт беше закотвена во пристаништето Драч попатно за да натанкира гориво. Ова значи дека во рок од неколку часа колку што ќе трае полненето на гориво  во државната каса ќе се слеат 2,8 милиони леки, пренесува Топ Ченел. Супер јахтата на германскиот милијардер пристигна вчера од Дубровник и денес ќе продолжи да плови кон Крф. Изградена во Холандија, луксузната јахта собира до 18 луѓе и екипаж од 26 луѓе.

Advertisement