Tag Archives: Гордана Сиљановска Давкова

Сиљановска-Давкова би сакала да се врати во детството и да се запише во училиште

„Нема подобра инвестиција од онаа во знаењето“, им порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на првачињата, посакувајќи им успешен почеток на школувањето. Сиљановска-Давкова заедно со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, присуствуваше на првиот училиштен час на првачињата во ООУ „Св. Климент Охридски“, со што беше одбележан почетокот на новата учебна година. Обраќајќи им се на најмладите ученици, претседателката ги повика да ...

Read More »

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

За мене, 2 Август, Илинден, е најсветиот македонски ден, денот на којшто во 1903 година, македонската републиканска идеја се отелотвори во Крушевската Република и денот кога во 1944 година, на АСНОМ, по вековна борба, се реализира правото на македонскиот народ на национална држава, во којашто се гарантираат правата на малцинските заедници. Во Илинден ја гледам искрата на македонскиот револуционерен оган, ...

Read More »

Приоритет за нас остануваат правата на Македонците во Бугарија, порача Силјановска Давкова

Приоритет за нас остануваат правата на Македонците во Бугарија, рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова коментирајќи го ставот на бугарската страна, што го пренесоа дел од медиумите, искажан денеска на првата средба на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски со неговата бугарска колешка Велислава Петрова. Претседателката Сиљановска Давкова во гостување на ТВ Сител посочи дека на последниот попис во Бугарија имало речиси ...

Read More »

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во Љубљана беше пречекана од Наташа Пирц Мусар претседателката на Словенија

Фото:Кабинет на Претседател На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Љубљана беше пречекана од претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар. Претседателките одржаа тет-а-тет средба, по што следеше пленарен состанок на македонската и на словенечката делегација. Предмет на разговорот беа билатералните односи, македонската европска интеграција, актуелните геополитички состојби, безбедносната архитектура на ...

Read More »

Сиљановска-Давкова: Македонската држава има насушна потреба од соработка со дијаспората

Фото:Кабинет на Претседател Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вечерва се обрати на приемот во пресрет на дводневниот, традиционален Самит на Македонија 2025 и ги врачи признанијата за придонес на припадниците на дијаспората. Признанието во соработка со Македонија 2025, се доделува на истакнати личности од дијаспората за нивниот придонес во зачувување и афирмирање на македонските историски, културни и духовни традиции и ...

Read More »

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Ереван оствари средба со претседателот на Еременија, Вахан Хачатурјан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Ереван оствари средба со претседателот на Република Еременија, Вахан Хачатурјан, на којашто обајцата изразија подготвеност за продлабочување на пријателските односи и унапредување на соработката. Ерменскиот претседател се заблагодари за посетата и учеството на Сиљановска-Давкова на 8.Самит на Европската политичка заедница. Тој истакна дека е голема чест, иако не се земја-членка на Европската Унија, да бидат ...

Read More »

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека швајцарскиот претседател Ги Пармелан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека швајцарскиот претседател Ги Пармелан, кој денеска престојува во официјална посета на земјава. Претседателите одржаа тет-а-тет средба, по што следеше пленарен состанок на македонската и на швајцарската делегација. Во фокусот на разговорите беа севкупните билатерални односи, при што тридецениската соработка се оцени како пријателска и плодна. Претседателката му ...

Read More »

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова освари средба со Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонците во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот, чија активна работа од 2004 година резултираше со впишување на македонската заедница во Статутот на Автономната Покраина Војводина и воведување на македонскиот јазик во службена употреба во неколку населени места. Соговорниците изразија загриженост заради ...

Read More »

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова ги прими австриските амбасадори од регионот на ЈИЕ

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими учесниците на регионалната Конференција на австриски амбасадори од Југоисточна Европа, чиј домаќин е Амбасадата на Република Австрија во земјава и амбасадорот Мартин Памер. Австриската делегација беше предводена од амбасадорка Елизабет Корнфајнд, генерална директорка за европски и економски прашања при Сојузното министерство за европски и меѓународни работи на Австрија. Сиљановска-Давкова рече дека делегацијата ...

Read More »

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова го свика Советот за безбедност

Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно. По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност. Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска  Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно. На дневен ред ...

Read More »