Tag Archives: Христијан Мицкоски

Мицкоски: Борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор

Премиерот Христијан Мицкоски преку својот фејсбук профил попладнево информира дека со својот владин тим одржал состанок за реформската агенда. Како што наведува Мицкоски, борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор. Саботен состанок за реформска агенда. Борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор. Силно сме фокусирани кон стандарди за подобар живот на граѓаните. ...

Read More »

Мицкоски за Венецуела: Апсолутно стоиме до потезите на САД

Ние како Влада апсолутно стоиме до аргументите и потезите на нашиот стратешки партнер – Соединетите Американски Држави. Мене најмногу ме зaгрижува громогласната тишина на истите тие европски и светски земји во минатото кога меѓународното право се кршеше на грбот на Македонија и македонскиот народ. Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска прашан за позицијата на нашата држава во однос на ...

Read More »

Мицкоски: 2026 година ќе биде година на раздвижување и на преобразба

Премиерот Христијан Мицкоски во ногогодишното обраќање истакна дека годината која ја испраќаме била година на сериозни предизвици, во која било неопходно да се направи стабилизација и консолидација, додека следната смета дека ќе биде година на раздвижување и на преобразба. Почитувани сограѓани, годината што ја испраќаме не беше лесна, таа беше година на сериозни предизвици! Година во која државата мораше прво ...

Read More »

Македонија: Тошковски и Мицкоски на промоција на 120 нови возила за македонската полиција

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на Владата Христијан Мицкоски присуствуваа на промоција на 120 нови службени возила, наменети за потребите на македонската полиција, како дел од континуираните напори за унапредување на материјално-техничките капацитети на Министерството за внатрешни работи.   Новите возила ќе бидат распределени во полициските организациски единици низ државата и ќе придонесат за поефикасно извршување на ...

Read More »

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски освари средба со Елиса Спиропали министерка за Европа и надворешни работи на Албанија

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски во Владата освари средба со министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали се разговарало за унапредување на билатералните односи, регионалната соработка и заедничките напори во насока на европската интеграција. Тој нагласи дека посебен акцент бил ставен на добрососедските односи, стабилноста и развојот на регионот, оценувајќи дека средбата поминала во конструктивен ...

Read More »

Мицкоски: Новиот обвинител мора да биде професионалец и да се бори за правда

Одлуката за разрешување на државниот јавен обвинител не е само политичка, иако е логично да е политичка одлука, посочи претседателот на владата Христијан Мицкоски во интервју во дневникот на телевизија Сител. Ние ја водиме владата и дадовме шанса година и половина, како ниедна влада во минатото, на наследен Јавен обвинител му оставивме година и половина да се размавне со неговиот ...

Read More »

Продлабочување на соработката: Мицкоски оствари средба со генерал-мајор Грегори Најт

Премиерот Христијан Мицкоски вчера оствари средба со Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт. Во разговорот се осврнавме на продлабочување на соработката меѓу нашите институции, особено во домените на обуката, размената на искуства и поддршката во изградбата на модерни и ефикасни одбранбени капацитети, посочи Мицкоски. На средбата присуствуваа и министерот за одбрана Владо Мисајловски, амбасадорката ...

Read More »

Христијан Мицкоски повторно избран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Делегатите на ВМРО-ДПМНЕ попладнево го избраа Христијан Мицкоски за лидер на партијата. Од присутни 817 делегати за негов повторен избор гласаа 804. Ова е негов трет мандат на чело на најголемата партија во Македонија за кој рече дека е негов последен. Претходно во воведното излагање Мицкоски рече дека Македонија влегува во деценија на зрелот и оти тие се генерацијата што ...

Read More »

Мицкоски: Националниот идентитет не е предмет на преговори

„Македонија може да биде европска само ако е стабилна во својата самосвест и сигурна во сопствениот идентитет. Во европската традиција на народните партии, националното не е етноцентричен инструмент, туку демократски израз на заедничка историја, култура и политичка волја. За Македонија ова е особено важно: државата е млада, изложена на историски искушенија и често соочена со обиди за релативизирање на нејзиното ...

Read More »

Мицкоски од Тирана: Планот за раст е повеќе од иницијатива, тој е заложба за вистинска промена

За Македонија, Планот за раст е многу повеќе од иницијатива, посочи премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на лидерите од Западен Балкан за планот за раст во Тирана. Тоа е приказна за претворање на заложбата во вистинска промена, продолжи Мицкоски, нагласувајќи дека Македонија беше првата земја од регионот што го операционализираше Инструментот за реформи и раст и првата што доби пред-финансирање ...

Read More »