Tag Archives: Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан испрати телеграма со сочувство до рускиот патријарх г.г. Кирил

Архиепископот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија г. г. Стефан испрати телеграма со сочувство до неговата светост, патријархот Московски и на цела Русија, г.г. Кирил за загинатите во терористички напад во концертната сала „Крокус сити холл“ во близина на Москва. Ваша светост, Длабоко сме нажалени од веста за грозоморниот терористички напад во концертната сала „Крокус сити холл“ во близина ...

Read More »

Поглаварот на Македонската Православна Црква – ОА г.г. Стефан повикува на сенароден протест против законите за матична евиденција и за родова еднаквост (ВИДЕО)

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, денеска преку соопштение до јавноста и видеообраќање на поглаварот г.г. Стефан изразува загриженост поради процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција, поради што в четврток ќе организира Сенароден собир пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква ...

Read More »

Велигденско послание на г.г. Стефан и Синодот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија

† СТЕФАН, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, А ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА, ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ – ХРИСТОС ВОСКРЕСE! Јас сум воскресението и животот; кој верува во Мене, и да умре, ќе живее[1]. Возљубени празникољупци, ...

Read More »

Светиот архијерејски синод ги поздрави одлуките на помесните цркви за статусот на МПЦ-ОА

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија ги поздрави одлуките на оние помесни православни цркви кои МПЦ-ОА ја признаа како автокефална црква или ја примија во евхаристиско и канонско општење. По редовната работна седница Светиот синод во соопштението за јавноста истакна: „Македонската православна црква – Охридска архиепископија е чувар на нејзиниот Уставен поредок и норми кои што ...

Read More »

Македонското друштво “Илинден”-Тирана доби верски календари од МПЦ-ОА за Македонците во Албанија 

Македонското друштво “Илинден”-Тирана доби верски календари за 2023 господово лето, кои бесплатно ќе бидат распределени на Македонците во Република Албанија, информираше за Македонски весник “Илинден”, Никола Ѓурѓај претседател на друштвото. Во име на друштвото и на Македонците тој искажува голема благодарност до Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и архиепископот г.г. Стефан што и годинава доделува одреден број верски календари ...

Read More »

Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан имаше средба со митрополит Антониј директор на Одделот за меѓународни односи на РПЦ

Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан денеска во седиштето на Ахиепископијата во Скопје имаше средба со рускиот митрополит Антониј, директор на Одделот за меѓународни односи на Руската Православна Црква и викар на патријархот Кирил. Митрополитот Антониј, беше придружуван од неговиот заменик Николај Балашов и од рускиот амбасадор во Македонија Сергеј Бездникин, а пречекан од членови на ...

Read More »

Канонизиран е новиот македонски светител Кирил Лешочки ќе се празнува на 25 март

По вчерашната Воскресна Вечерна богослужба во Лешочкиот манастир, денеска со Света Божествена архиерејска литургија во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј“ продолжи процесот на прогласување на преподобниот Кирил Пејчиноновиќ за светител Кирил Лешочки. Поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) г.г Стефан во сослужение со архиереите на Светиот Архерејски Синод (САС) чиноначалствува со службата. Пред олтарот во црквата е ...

Read More »

Писмо од рускиот патријарх г.г. Кирил до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан

По донесената Одлука од 25 август 2022 година на Свештениот собор на Руската православна црква за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на 08 септември оваа година, Неговата Сесветост Патријархот Московски и на сите Руси г.г. Кирил испрати писмо до Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во ...

Read More »

Синодот на МПЦ – ОА: Да се зачува македонскиот идентитет, македонскиот јазик, култура и историја

Светиот архијерејски синод  на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија  очекува Владата и сите останати општествено-политички фактори да се обединат и да изградат стратегија, која целосно ќе го зачува македонскиот идентитет, македонскиот јазик, култура и историја во семејството на европските народи. Синодот, во соопштението по денешната вонредна седница на која дискутирало за актуелната состојба во македонското општество, ја информира јавноста, ...

Read More »

СПЦ го официјализираше прифаќањето на автокефалноста на МПЦ – ОА

На 5 јуни 2022 година, во Неделата на Светите отци од Првиот Вселенски собор, Неговата Светост Патријархoт Српски г.г. Порфириј чиноначалствуваше со Светата Архиерејска Литургија во соборниот храм „Свети Архангел Михаил“, во Белград, во сослужение на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а во сослужение на Високопреосветените Митрополити Преспанско-пелагониски г. Петар, Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Повардарски г. Агатангел, Европски ...

Read More »