Tag Archives: Матица македонска

„Подари книга, подари свет“ продолжува  – институции, компании и јавни личности се приклучуваат кон иницијативата на „Матица“

Интересот за приклучување кон иницијативата „Подари книга, подари свет“ на „Матица македонска“ ги надминува очекувањата. Институции, општествено одговорни компании, јавни личности од повеќе сфери на општествениот живот и читатели од сите генерации искажуваат огромен интерес за приклучување кон иницијативата. Донирајќи значајни изданија, заеднички со „Матица македонска“, сите решени да придонесат за поттикнување на љубовта кон читањето и за овозможување пристап до ...

Read More »

„Подари книга, подари свет“: „Матица македонска“ со голема донација од книги за македонските иселеници во Измир и со повик за вклучување во иницијативата

Фото: Матица македонска Во рамките на иницијативата „Подари книга, подари свет“ што издавачката куќа „Матица македонска“ ја почна пред неколку дена по повод 14 февруари – Меѓународниот ден на дарувањето книги, и со личен пример го поттикнува дарувањето како чин на развивање на љубовта кон книгата и како влог за овозможувањето пристап до книги за децата ширум светот. Голема донација ...

Read More »

„Матица македонска“ ја објави „Бракот на поетот“ од Шинаси – пионерското дело на турската драма за првпат на македонски јазик

Првата турска драма со карактеристики на реалистичниот „западен театар“, за првпат е објавена во превод на македонски јазик. Деновиве, „Матица македонска“ ја објави „Бракот на поетот“ од Шинаси. Ова дело се смета за пионерско остварување на турската драмска книжевност. „Бракот на поетот“ е книжевниот текст што во турската култура го означува преминот од импровизацискиот театар во којшто актерите импровизирале без ...

Read More »

„Матица македонска“ објави ново издание на „Жаби“ од Аристофан

Стожерната античка комедија „Жаби“ од Аристофан, по повеќе од две децении, повторно е достапна за македонските читатели, преку ново издание во превод на македонски јазик. „Матица македонска“ повторно го објави клучниот драмски текст на претставникот на античката комедија, во превод од старогрчки и со белешки и предговор од истакнатиот македонски класичен филолог Весна Томовска. Ова издание, со внатрешната композиција и ...

Read More »

„Матица македонска“ ја објави книгата „Стилски синтези“ – Димитар Пандев чекори по патот на Блаже Конески

Книгоиздавателството „Матица македонска“ ја објави книгата Стилски синтези“ од истанатиот македонски лингвист, книжевен крктичар и писател Димитар Пандев. По повеќе објавени книги од областа на стилистиката и  општата лингвистика, оваа книга на Пандев претставува обемен труд од областа на македонската стилистика во кој авторот сеопфатно ја обработува теоријата за стилски синтези што ја има поставено Блаже Конески и ја има ...

Read More »

„Матица македонска“ ја објави „Овие тивки, темни води“ од Кристина Мекдоналд, авторката на „Ноќта кога Оливија падна“, најпродаваната книга според USA Today

„Матица македонска“ ја објави книгата „Овие тивки, темни води“ од една од најреномираните писателки во САД и во Велика Британија, Кристина Мекдоналд – авторката на „Ноќта кога Оливија падна“, најпродаваната книга според USA Today. Станува збор за трилер со напната атмосфера, со комплексни сиже и фабула, кој истражува теми на тајните, загубата и мракот на минатото. По насилниот упад во нејзиниот дом, Нев Мегваер се враќа на Црното Езеро, ...

Read More »

„Матица македонска“ ќе ја промовира „Земјата – база за космички експерименти“ од Стефан Влахов-Мицов

„Матица македонска“ ќе ја промовира новата книга од универзитетскиот професор, истражувач и писател Стефан Влахов-Мицов, „Земјата – база за космички експерименти“. Целта на оваа книга е да ги покаже специфичните космички експерименти врз земниот свет, нивното влијание врз „сапиенсот“ и неговите реакции, кои обезбедуваат целост и успех на тие експерименти. Промоцијата ќе се одржи утре (20 октомври 2025., понеделник), со ...

Read More »

„Матица македонска“ го објави хит-романот за тинејџери „Летото кога научив да летам“ во превод на македонски – најнаградуваниот роман за деца и млади на Балканот

„Матица македонска“ во превод на македонски јазик го објави хит-романот за тинејџери „Летото кога научив да летам“ од истакнатата срска писателка Јасминка Петровиќ. Станува збор за книга за деца и млади со најголем број престижни книги и млади на просторите на некогашна Југославија и воопшто на Балканот, огромен број позитивни оцени на стручната критика и на широката читателска публика. Дело ...

Read More »

Матица македонска го објави европскиот мега-хит роман „32 март“ во превод на македонски

„Матица македонска“ го објави европскиот мега-хит роман „32 март“ од познатиот каталонско-шпански писател Хавиер Боск, во превод на македонски јазик. Ова е прв превод на Балканот на најновиот роман на најдобро продаваниот писател во Шпанија. Македонските читатели, со заложба на „Матица македонска“ имаат ексклузивна можност први во регионот да прочитаат едно од највредните книжевни дела во светски рамки во последната ...

Read More »

„Матица македонска“ ја објави „Светлосни записи“ – нова книга на националниот мајстор на фотографијата Цветан Гавровски

„Матица македонска“ ја објави монографската публикација „Светлосни записи“ – нова книга од Цветан Гавровски, национален мајстор на фотографијата и ЕФИАП (Excellence FIAP) на Светската федерација на фотографска уметност. Станува збор за издание коешто по својот формат и содржина е ретко во македонскиот културен простор – на 390 страници, со двата циклуса, црно-бело и колор се репродуцирани околу 200 авторски фотографии. Книгите ...

Read More »