„Матица македонска“ го објави европскиот мега-хит роман „32 март“ од познатиот каталонско-шпански писател Хавиер Боск, во превод на македонски јазик. Ова е прв превод на Балканот на најновиот роман на најдобро продаваниот писател во Шпанија. Македонските читатели, со заложба на „Матица македонска“ имаат ексклузивна можност први во регионот да прочитаат едно од највредните книжевни дела во светски рамки во последната ...
Read More »Tag Archives: Матица македонска
„Матица македонска“ ја објави „Светлосни записи“ – нова книга на националниот мајстор на фотографијата Цветан Гавровски
„Матица македонска“ ја објави монографската публикација „Светлосни записи“ – нова книга од Цветан Гавровски, национален мајстор на фотографијата и ЕФИАП (Excellence FIAP) на Светската федерација на фотографска уметност. Станува збор за издание коешто по својот формат и содржина е ретко во македонскиот културен простор – на 390 страници, со двата циклуса, црно-бело и колор се репродуцирани околу 200 авторски фотографии. Книгите ...
Read More »Матица македонска го објави романот „Турчинот шахист“ од Шурбатовиќ во превод на македонски јазик
Неодамна, „Матица македонска“ го објави романот „Турчинот шахист“ од истакнатиот српски писател, Александар Шурбатовиќ, во превод на македонски јазик. Станува збор за еден од романите што има привлечено најголемо внимание во целиот регион во последните две-три децении, со голем интерес и на широката читателска публика, и на книжевната критика. Според српската книжевна критика, ова е роман на епохата што покрива ...
Read More »„Матица македонска“ и Раде Силјан со последен поздрав до Сретен Перовиќ – еден од најголемите странски афирматори на македонската книжевност
На 17 август, физички си замина академик Сретен Перовиќ (1932-2025), истакнатиот црногорски писател што беше наш, македонски пријател и современик, потврден македонист, повеќедецениски промотор на високите вредности на македонската книжевност. Во изминативе децении творечка активност, тој од македонската поезија има препеано над 50 000 стихови на српски и црногорски јазик. Тоа е импозантна бројка, зад која, по правило, би требало ...
Read More »„Матица македонска“ повторно ја објави „Македонското прашање и Балканскиот сојуз“ од бугарскиот академик Цанков – вистината и објективното гледање за Македонија криени во бугарските архиви
„Македонија, таа страдална земја, гробница на многу маченици и јунаци, може да стане гробница и на слободата на Балканскиот Полуостров, ако продолжи да биде јаболко на раздорот. Ако Македоннија меѓу нас раѓа национална омраза, антагонизам, ако на неа ние гледаме, не како на земја измачена, онеправдена, натопена со крв и плач која од нас бара помош, и тоа високо доблесна ...
Read More »Нова книга на Ефтим Клетников во издание на „Матица македонска“
„Матица македонска“ ја објави новата поетска книга на истакнатиот македонски поет Ефтим Клетников, насловена „Misa solemnis“. Во оваа книга, Клетников е насочен кон светот на чистите идеи и се застапува за богат и повеќестрано прифатлив поетски исказ. Во „Misa solemnis“, Клетников се стреми кон радикално поместување на смислата на зборовите и остварува рефлексивна поетска мисла од необични споеви, пресврти и слики. Во ...
Read More »Делото на Крамариќ и „Матица македонска“ ги обединија сите
Академици, универзитетски професори, домашни и странски дипломати, политичари, истражувачи, писатели, музичари, ликовни уметници, лекари, актери, книжевни преведувачи – сите заедно ја исполнија книжарницата на „Матица македонска“ на промоцијата на книгата „Културата и траумата: Писмо до бугарскиот пријател“ од познатиот хрватски научник, универзитетски професор и дипломат, Златко Крамариќ. Делото на Крамариќ и „Матица македонска“, вчера ги обединија сите, со голем интерес ...
Read More »„Матица македонска“ ја организира најголема книжевна прослава на љубовта досега
Во чест на 90-годишнината од раѓањето на авторот на „Дениција“, Петре М. Андреевски, следната недела книгоиздавателството „Матица македонска“ ќе ја организира најголемата книжевна прослава на љубовта досега. Во среда, со почеток во 19 часот, во Паркот на книгите на „Матица ексклузив“ ќе се одржи големата промоција на книгата „Македонска љубовна лирика“ приредена од Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, и двајцата ...
Read More »„Матица македонска“ објави избрани дела во десет книги од писателот Раде Силјан
Во рамките на јубилејот -триесет години од основањето, „Матица македонска“ објави избрани дела во десет книги од писателот Раде Силјан. Изданието го уредија Витомир Митевски, Паскал Гилевски, Блаже Миневски, Весна Мојсова-Чепишевска и Златко Жоглев. Во првите седум томови се застапени поетските книги на авторот, создадени во изминтите пет децении, а три томови се посветени на критичко-есеистичката дејност на Раде Силјан. ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden