Tag Archives: мета

Реакции на Мета, Рама и Баша по постигнатиот договор за изборната реформа

По постигнатиот договор за изборната реформа на политичките партии во Албанија, реагираа шефот на државата Илир Мета, премиерот и лидер на владејачките социјалисти, Еди Рама и лидерот на опозициските демократи, Љуљзим Баша. Претседателот Мета му честита на Политичкиот совет за постигнатиот договор сметајќи го за позитивна вест, но не и доволен за да гарантира слободни и фер избори. Тој, исто ...

Read More »

Груевски до Мета: Притворот на Едмонд Темелко е доказ за политички притисок и нечовечки третман

Македонско – албанските односи, актуелната политичка состојба и стратешките приоритети на Република Македонија биле главни теми на средбата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со претседателот на Албанија, Илир мета, на која присуствуваа и генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски и членот на Извршниот комитет, Александар Николоски. Груевски, запознавајќи го својот соговорник за актуелните случувања во државата го отвори и ...

Read More »

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев оствари средба со претседателот на Албанија Илир Мета

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со делегација на Република Албанија, предводена од Претседателот на државата Илир Мета, кој се наоѓа во дводневна посета на Македонија. Премиерот Заев, изразувајќи особено задоволство за посетата на високата делегација од Албанија, истакна дека средбата ги реафирмира принципите на добрососедство, заемно почитување и реципроцитет, посебно истакнувајќи дека во таа ...

Read More »

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски оствари средба со претседателот на Албанија Илир Мета

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес (20 ноември 2017та година) заедно со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски оствари средба со претседателот на Република Албанија Илир Мета. На средбата се разговараше за македонско албанските односи, за актуелната политичка состојба и за стратешките приоритети на Република Македонија. Соговорниците ги реафирмираа заложбите за ...

Read More »

Претседателот на Република Албанија Мета во официјална посета на Република Македонија

  Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска беше домаќин на Претседателот на Република Албанија, г. Илир Мета, кој престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија. Двајцата претседатели на тет-а-тет средбата разменија мислење за можностите за унапредување на билатералните односи, за стратешките приоритети на двете земји во однос на интеграциите во НАТО и ЕУ, како и за состојбите ...

Read More »

Мета и Иванов загрижени за здравјето на Едмонд Темелко (ВИДЕО)

Градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко кој беше притворен како обвинет во случај на Специјалното јавно обвинителство за изборни нерегуларности е со многу нарушено здравје, а двајцата претседатели на Македонија и на Албанија, Ѓорге Иванов и Илир Мета, на денешната средба разговарале за тоа. „Претседателот Мета прв пат ми се јави кога беше притворен градоначалникот Едмонд Темелко. Се интересираше за неговата ...

Read More »

Утре во Македонија средба на албанскиот претседател Мета со претседателот Иванов

Претседателот на Република Албанија Илир Мета утре и задутре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Предвидено е тој да биде пречекан со државни и воени почести пред платото на кабинетот на Претседателот на Македонија Д-р Ѓорге Иванов кој ќе биде негов домаќин. Претседателот на Алабнија Мета и неговиот македонски колега Иванов ќе има тет а тет средба во ...

Read More »