Утре во Македонија средба на албанскиот претседател Мета со претседателот Иванов

Претседателот на Република Албанија Илир Мета утре и задутре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Предвидено е тој да биде пречекан со државни и воени почести пред платото на кабинетот на Претседателот на Македонија Д-р Ѓорге Иванов кој ќе биде негов домаќин. Претседателот на Алабнија Мета и неговиот македонски колега Иванов ќе има тет а тет средба во “Вилата Водно” а потоа планиран е пленаран состанок на делегациите на Македонија и на Алабнија и Пресс конференција на двајцата претседатели.