Министерството за надворешни работи на Република Македонија денеска соопшти дека согласно Законот за надворешни работи македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски е веќе повикан на консултации. Поради итноста на материјата очекуваме консултациите да се случат во текот на оваа недела и за сите дополнителни детали јавноста ќе биде навремено информирана, се наведува во соопштението од МНР.
Read More »Tag Archives: Министерството за надворешни работи на Република Македонија
Македонското МНР реагира: Пописот во Албанија е нерегуларен, не ја отсликува соодветно реалната бројка на Македонци во земјата
Министерството за Надворешни Работи на Република Македонија со сериозна загриженост ги нотира објавените прелиминарни резултати од Пописот одржан во Република Албанија во 2023 година. Техничките нерегуларности во начинот на реализација на истиот, на кои континуирано укажуваа македонските здруженија во Република Албанија во пресрет на Пописот, но и во текот на неговата реализација резултираа со објава на прелиминарни податоци кои ...
Read More »Македонија: Министерството за надворешни работи упати вербална нота до Софија, поради изјавите на европратеникот Џамбаски
Министерството за надворешни работи на Република Македонија, преку својата Амбасада во Софија, упати вербална нота, со која изрази крајно незадоволство од неодамнешните јавни изјави на членот на Европскиот парламент и ко-претседател на политичката партија ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски. Џамбаски во повеќе наврати изразува иредентистички и територијални претензии кон Република Македонија и упатува тешки навреди кон угледот на високи државни претставници на ...
Read More »МНР: Македонските граѓани да избегнуваат патувања во или транзит низ Израел
Министерството за надворешни работи на Република Македонија, имајќи ја во предвид ескалацијата на безбедносната состојба во Израел, сугерира на македонските државјани да избегнуваат патувања во или транзит низ земјата. За македонските државјани затекнати во Израел, за сите дополнителни информации или помош да се обратат до Амбасадата на Република Македонија во Тел Авив на мобилен +972549096965 или некој од SOS броевите ...
Read More »Мобилните екипи за патни исправи почнуваат со давање на услуги во ДКП-а
Министерот за надворешни работи денес на посебна средба со вработените дипломати и конзуларни референти кои се членови на мобилните екипи за патни исправи, за лично да им ги врачи решенијата со кои тие итно се упатуваат во Државно конзуларните претставништва. Нивната мисија ќе биде реализацијата на акциониот план за 2020 година, кој делумно беше пасивизиран поради појавата на светската пандемија. ...
Read More »Македонија: Инфо сесија за вториот регионален повик на Фондот за Западен Балкан
Денеска во просториите на Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа официјалната Инфо сесија органзирана во координација со Фондот за Западен Балкан. Оваа најнова регионална иницијатива, која настана со заедничката одлука на МНР на шесте држави од просторот на Западниот Балкан, својот полн капацитет започнува да го трасира кон крајот на минатата година. Како дел од активностите, на ...
Read More »Средба на Државниот секретар на МНР Виктор Димовски со делегација на Федералното министерство за Европа, интеграции и надворешни работи на Австрија
Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија Виктор Димовски, денес, прими делегацијата на Федералното министерство за Европа, интеграции и надворешни работи на Австрија и амбасадорите на Австрија во регионот на ЈИЕ предводена од амбасадорот Клаус Волфер. Амбасадорите на Австрија од земјите од Југоисточна Европа претстојуваат во Република Македонија заради учество во работата на Конференцијата, што се одржува ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden