По повод “Недела на македонската култура” на 30 април 2025 година, 20:00 часот во Театар АрТурбина, ќе се одржи театарска претстава: 8%? од Театарот за современа уметност од Битола, Македонија Придружете ни се на последниот настан од “Недела на македонската култура” моќна вечер на современ театар со режија на Јован Ристовски, изведена на македонски јазик, со албански и англиски преводи ...
Read More »Tag Archives: Недела на македонската култура
Амбасадорот на Македонија во Тирана, Луфтим Спахиу освари средба со учесниците на утрешната манифестација “Промоција на македонски вина и вински туризам”
По повод “Недела на македонската култура”, во топла и пријатна атмосфера вршителот на должноста амбасадор на Македонија во Тирана, Луфтим Спахиу во македонската амбасада во Тирана, освари средба со учесниците на утрешната манифестација “Промоција на македонски вина и вински туризам”. На утрешната промоција 12 познати македонски винарии ќе ги изложат своите вина, а ќе ги презентираат можностите за вински туризам. ...
Read More »Во Тирана изложба и промоција на „Монографија на македонски народни носии“
Во рамки на манифестацијата „Недела на македонската култура” во Македонскиот Културно-информативниот центар се отвори изложбата и промоцијата на „Монографија на македонски народни носии“, од проф. д-р Владимир Јаневски беа преставени парчиња облека и приказни, живи сведоштва на македонската историја, традиција и идентитет. Присутни беа Љуфтим Спахиу, в.д. македонски амбасадор во Тирана, Емилија Попивода директорка на македонскиот Културно-информативниот центар, амбасадорите на ...
Read More »Македонски знамиња сред Тирана како дел од „Недела на македонската култура“
Во Тирана вечерва почнува манифестацијата „Недела на македонската култура“, а по тој повод главниот булевар „Народни херои“ блесна со стотици македонски знамиња. Булеварот блесна во црвено жолта боја. Вечерва во 20 часот е свеченото отворање на манифестацијата, која по првпат се одржува во албанскиот главен град, што навистина не прави горди. Не го криеме задоволството што заедно со Културно информативниот ...
Read More »Во Тирана денеска започнува манифестацијата „Недела на македонската култура“
Со концертот со наслов „Поглед кон иднината/Eyes to the future“ на пијанистката Ема Попивода и албанската диџејка Реа Лемнуша, денеска во Тирана, Албанија, започнува манифестацијата „Недела на македонската култура“, која за првпат се реализира во оваа држава. По тој повод, градот Тирана ќе биде обоен со црвено-жолти бои и светла, а на главниот булевар ќе бидат истакнати македонски знамиња. Во ...
Read More »Во Тирана, од 23 до 30 април ќе биде одржана „Недела на македонската култура“
Во Тирана, од 23 до 30 април прв пат ќе биде одржана „Недела на македонската култура“ заедно го прославиме нашето богато наследство преку музика, уметност и традиција. Целта на оваа многу значајна манифестација е промоција на македонската култура, туризам и економија. Меѓу многуте активности во познати објекти во Тирана, како што е и познатата „Пирамида“, ќе има настапи од сферата на ...
Read More »Во Тирана, од 7 до 13 април ќе биде одржана „Недела на македонската култура“
Тоа благодарение на залагањата на вршителот на должноста македонски амбасадор, Љуфтим Спахиу, директорката на македонскиот КИЦ, Емилија Попивода и македонски активист Ендрит Фетаху, кои во изминатите денови имаа повеќе средби со албански претставници, од кои е добиена целосна поддршка. Целта на оваа многу значајна манифестација е промоција на македонската култура, туризам и економија. Меѓу многуте активности во познати објекти во Тирана, ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden