Tag Archives: Претседателот на Македонија

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски на посета кај претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски денеска на плоштадот „Ибрахим Ругова“ во Приштина, на официјална церемонија со државни и воени почести беше пречекан од претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу, со што започна неговата официјална посета на Косово. Претседателот Пендаровски оствари тет-а-тет средба со претседателката Османи-Садриу, по што се одржа и пленарен состанок на македонската и косовската делегација. На средбите се разговараше ...

Read More »

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда престојува во официјална посета на Македонија

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот на Македонија, Стево Пендаровски денеска го пречека претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда кој престојува во официјална посета на Република Македонија. Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации. Во фокусот на разговорите се севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Полска, европската интеграција на ...

Read More »

Претседателот Пендаровски на аудиенција кај Папата Франциск 

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, кој престојува во посета на Италијанската Република и Светата Столица, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, денеска имаше аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск. На средбата беа истакнати одличните билатерални односи меѓу Република Македонија и Светата Столица, кои се темелат на длабоки историски врски, споделени духовни и културни ...

Read More »

Претседателот на Македонија, Пендаровски и претседателот на Словенија, Пахор во посета на кампот за обука на вода во Охрид

Претседателот на Македонија и Врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски придружуван од Претседателот на Словенија, Борут Пахор, денес во Охрид го посетија кампот за обука на вода на Армијата на Македонија. Претседателот Пендаровски и гостинот од Словенија по пречекот од Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски се запознаа со дел од обуката која ја изведуваат припадниците на ...

Read More »

Претседателот на Македонија, Пендаровски освари средба со  претставници на партијата Македонска Алијанса за европска интеграција 

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими Васил Стерјовски, пратеник со македонско потекло од политичката партија Македонска алијанса за европска интеграција во Собранието на  Албанија. Пратеникот Стерјовски беше придружуван од Таќо Гроздани, генерален секретар на партијата. На средбата беше разговарано за актуелната состојба со пандемијата на КОВИД-19, начинот на справување во Албанија, како и во регионите каде живее македонско ...

Read More »

Обраќање на претседателот Пендаровски на новогодишниот прием за дипломатскиот кор во Македонија

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, вчеравечер се обрати на приемот приреден за претставниците на дипломатскиот кор, акредитирани во Македонија. Почитуван Министер за надворешни работи, Почитувана амбасадорке, доајен на дипломатскиот кор во Скопје, Ваши екселенции, Дами и господа, Задоволство ми е, вам, членовите на дипломатскиот кор, да ви посакам добредојде на традиционалниот новогодишниот прием. На сите, во новата 2020 година, ви ...

Read More »

Претседателот на Македонија, Пендаровски ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски на 17.12.2019 ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници наведени во Уставот на  Македонија. На средбата присуствуваа поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, г.г. Стефан, поглаварот на Исламската Верска Заедница, Реис Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, поглаварот на Католичката црква, Скопски ...

Read More »

Претседателот Пендаровски во Бигорски: „Ако не ги почитуваме корените, нема да имаме иднина“

Во посета на Свештената Бигорска Обител денес дојде Претседателот на Македонија, г-дин Стево Пендаровски, кој гостољубиво беше пречекан од Старецот и игумен, Архимандрит Партениј со братството.  Посетата на благочестивиот Претседател се должи на неговата лична желба одблиску да се запознае со целокупната мисија на Братството, во пресрет на илјадагодишнината од основањето на Бигорскиот Манастир (1020-2020), на чијашто прослава покровител ќе ...

Read More »

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски билатерална средба со министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на Парискиот мировен форум оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров. На средбата со рускиот министер за надворешни работи, Лавров, претседателот Пендаровски, разговара за продлабочена соработка со Руската Федерација на теми од заеднички интерес. Претседателот Пендаровски ја поздрави претстојната Седница на Мешовитата владина комисија за трговско-економска соработка ...

Read More »