Претседателот на Полска, Анджеј Дуда престојува во официјална посета на Македонија

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот на Македонија, Стево Пендаровски денеска го пречека претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации. Во фокусот на разговорите се севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Полска, европската интеграција на земјава во Европската Унија, како и состојбите во поширокиот регион и Европа.

По завршувањето на пленарниот состанок на делегациите, предвидено е двајцата претседатели да одржат заедничка прес-конференција. За време на официјалната посета, претседателот Дуда е придружуван од неговата сопруга, Агата Корнхаузер-Дуда.

Advertisement