Tag Archives: република македонија

Тошковски и Љамалари потпишаа договор за воспоставување заеднички гранични премини и заеднички гранични контроли меѓу Македонија и Албанија

Денеска министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Панче Тошковски и министерот за внатрешни работи на Република Албанија, Бесфорт Љамалари во Пешкопеја, Албанија потпишаа Договор за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички гранични контроли меѓу двете држави. Со овој договор се воспоставува современа и функционална рамка за поефикасно управување со заедничката граница, со цел олеснување на движењето на луѓе ...

Read More »

Албанија: Владата одобри воспоставување заеднички гранични премини со Македонија

Советот на министри во принцип одобри билатерален договор со владата на Република Македонија за обединување на процедурите за контрола во граничната зона. Одлуката предвидува воспоставување заеднички гранични премини и спроведување интегрирани контроли меѓу структурите на двете земји. Оваа одлука е донесена по предлог на министерот за внатрешни работи, со цел олеснување на движењето на граѓаните и стоките, како и зголемување ...

Read More »

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши оствари средба со Бајрам Бегај претседател на Албанија (ФОТО)

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај. Претседателот Гаши изрази големо задоволство од средбата и истакна дека очекува пријателството и соработка што постои меѓу две земји во иднина уште повеќе да се зајакнува и унапредува. На меѓународен план двете држави имаат исти цели и интереси а тоа е членството во ...

Read More »

Посетата на Бајрам Бегај можност за нов исчекор во македонско-албанските односи

Посетата на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај е можност да се потврди пријателството, но и да се демонстрира политичка зрелост преку отворено упатување на чувствителните прашања. Добрососедството не значи избегнување на темите, туку нивно решавање во духот на европските вредности. Јавноста во Македонија очекува оваа посета да не остане само на симболика и протокол туку да биде почеток на ...

Read More »

Седми состанок на Меѓувладината мешовита комисија за заштита на националните малцинства меѓу Македонија и Хрватска

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија  денеска ќе биде одржан Седмиот состанок на Меѓувладината мешовита комисија за заштита на националните малцинства помеѓу Република Македонија и Република Хрватска. Со состанокот ќе ко-претседаваат заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, и државниот секретар во Средишниот државен уред за Хрватите надвор од Република Хрватска, Звонко Милас. Меѓувладината мешовита комисија ...

Read More »

Македонија: Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада

Петмина кандидати се пријавија на огласот на Собранието за јавен обвинител на Република Македонија и нивните кандидатури денеска се пратени во Владата, информираат за МИА од собраниската прес-служба. Од таму имињата на кандидатите не ги откриваат, но како што некои од пријавените и сами потврдија, станува збор за сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од ...

Read More »

Министерката за внатрешни работи на Албанија, Албана Кочиу, утре во официјална посета на Македонија

Министерката за внатрешни работи на Република Албанија, Албана Кочиу утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија, при што ќе оствари средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопштија од Министерство за внатрешни работи. На средбата се очекува да се разговара за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји. По завршувањето на средбата е предвидена заедничка изјава за ...

Read More »

МНР: Македонија останува доследна на европските правила и на мерит-базираниот пристап кон проширувањето

Република Македонија останува доследна на европските правила и на мерит-базираниот пристап кон проширувањето. Предлог-акцискиот план за заштита и унапредување на правата за припадниците на заедниците е изработен на македонски и англиски јазик од домашни и меѓународни експерти, во блиска консултација со Совет на Европа и Европската комисија. Документот содржи јасно дефинирани мерки, рокови и надлежни институции и е целосно усогласен ...

Read More »

Македонија ѝ понуди помош на Швајцарија за справување со трагичната несреќа

Министерот ја изрази подготвеноста на Република Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по ...

Read More »

МЕПСО го рестартира стратешкиот проект за 400 kv интерконекција Битола – Елбасан

„Со овој чекор, компанијата официјално го рестартира проектот кој ќе ја воспостави клучната енергетска поврзаност помеѓу Република Македонија и Република Албанија. По спроведената меѓународна постапка преку системот за е-набавки на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), отворен на 25.04.2025 година, и по детална евалуација на пристигнатите понуди, како најповолен понудувач е избран меѓународниот конзорциум предводен од DALEKOVOD d.d. од ...

Read More »