Tag Archives: Сад

Преговорите меѓу САД и Иран ќе се одржат во Женева следната недела

Оман ќе организира разговори меѓу САД и Иран следната недела во Женева, потврди Швајцарското федерално Министерство за надворешни работи. Швајцарија ги поздравува тие преговори и изрази подготвеност да „поддржи секаква иницијатива насочена кон деескалација на тензиите“. Американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер ќе одржат разговори со иранските претставници во вторник во Женева, со посредство на претставници на Оман, јавија ...

Read More »

Белата куќа објави: САД и Македонија договорија рамка за „реципрочна, фер и балансирана трговија“

Соединетите Американски Држави и Република Македонија постигнаа рамковен договор за реципрочна, фер и избалансирана трговија, соопшти Белата куќа. Белата куќа објави заедничка изјава помеѓу САД и Македонија за реципрочна трговија. Двете земји постигнаа договор за Рамка за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, со цел зајакнување на билатералните економски односи и проширување на пристапот на извозниците од двете земји ...

Read More »

Стуб: САД и Европа ќе се договорат за добар пакет за создавање траен мир

Финскиот претседател Александар Стуб денеска на работен појадок во Давос, каде што се одржува Светскиот економски форум, изјави дека верува оти Украина, САД и Европа ќе се договорат за „добар пакет“ за создавање траен мир. Стуб рече дека се согласува со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, дека поддршката за Украина мора да продолжи, објавува Гардијан. Тој нагласи дека Финска, ...

Read More »

Зеленски: Преговорите на Украина со САД се конструктивни, но не и лесни

  Разговорите со американските претставници за мировниот план за Украина беа конструктивни, но не и лесни, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на планираните консултации со европските лидери во наредните денови. Зеленски во саботата разговараше со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, а се очекува денеска во Лондон да ...

Read More »

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД планираат да го прошират бројот на земји опфатени со забраната за патување на повеќе од 30, изјави американската министерка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем. Нема да бидам прецизна за точниот број, но тој е поголем од 30, а претседателот продолжува да ги проценува земјите, рече Ноем во интервју за Фокс Њуз, одговарајќи на прашањето дали администрацијата на претседателот на ...

Read More »

Македонија: Стратешкото партнерство да се запечати со слободен влез во САД

Визното олеснување со САД повторно се враќа на маса во рамките на стратешкиот дијалог Познавачите на дипломатските состојби се согласни дека земјава требало подобро да го искористи стратешкото партнерство и со време да ги почне процедурите за укинување на визниот режим со САД, кои траат и повеќе од 10 години, па затоа предлагаат веднаш да се почне интензивно да се ...

Read More »

САД ја укинаа означеноста за тероризам на новата сириска влада

Администрацијата на Трамп објави во понеделникот дека ја укинува терористичката означеност за групата на новиот сириски лидер, која минатата година го предводеше уривањето на поранешниот претседател Башар ал-Асад. Државниот секретар Марко Рубио ја отстрани странската терористичка означеност од Ал-Нусра Фронт, познат и како Хаиат Тахрир ал-Шам, чиј лидер е новиот сириски претседател Ахмед ал-Шараа. Оваа промена стапи на сила во ...

Read More »

Врховниот суд на САД ја укина забраната за испраќање мигранти во земји од кои не потекнуваат

Врховниот суд на САД вчера ѝ дозволи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да продолжи со депортирање на имигранти во земји од кои не доаѓаат, додека тие нема да можат да се повикаат на опасностите со кои би можеле да се соочат во таа трета земја. Судиите ја укинаа судската наредба со која се бара од владата да им даде ...

Read More »

Израел и Иран официјално потврдија дека го прифатиле договорот за примирје предложен од Трамп

Израел и Иран денес официјално потврдија дека го прифатиле договорот за примирје предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, со цел да се стави крај на 12-дневната израелско-иранска војна. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја се согласила на прекин на огнот со Иран во координација со американскиот претседател Трамп. „Израел ќе одговори силно на секое кршење на прекинот на ...

Read More »

САД со нови санкции против Северна Кореја и Русија

САД воведоа нови санкции против Северна Кореја и Русија, насочени кон финансиските активности на Пјонгјанг и воената поддршка што Северна Кореја ја дава на Москва. Новите мерки ги соопшти синоќа Министерството за финансии на САД. -Континуираните провокативни активности на режимот на Ким Џонг Ун, вклучувајќи го последното тестирање на интерконтинентална балистичка ракета и зголемената воена поддршка за Русија, ја нарушуваат ...

Read More »