Tag Archives: СПАК

Парламентарно мнозинство го отфрли барањето на СПАК, за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешната вицепремиерка и министерка за инфраструктура и енергетика, Балуку

Со 82 гласа против албанското парламентарно мнозинство одлучи да го отфрли барањето на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешната вицепремиерка и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, со цел нејзино апсење. Веднаш по гласањето опозициските пратеници, почнаа да удираат на собраниските клупи а потоа ја блокираа говорницата, држејќи плакати на ...

Read More »

Засилено обезбедувањето на актуелниот и на поранешниот шеф на СПАК

Зголемени се мерките за физичка безбедност за актуелниот шеф на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), Клодјан Брахо и неговиот претходник Алтин Думани. На актуелниот шеф на Специјалното обвинителство, Клодјан Брахо, му се доделени уште двајца телохранители, со што вкупниот број на полицајци одговорни за неговата лична заштита се искачи на осум. Во меѓувреме, на поранешниот шеф на ...

Read More »

Јони Кета нов шеф на Националното биро за истраги

Високиот обвинителски совет гласаше овој вторник за предлогот на СПАК за нов шеф на Националното биро за истраги. Со 11 гласа „за“ и без гласови „против“, Џони Кета беше назначен за директор на за 5-годишен мандат. Состанокот на КЛП се одржа во присуство на американски претставници, дел од мисијата за помош на СПАК. Седницата започна со дебати за постапката, откако ...

Read More »

Четири кандидати во трката за нов шеф на СПАК

Мандатот на Алтин Думани завршува во декември, а четворица кандидати ги поднесоа своите платформи за избор на шеф на Специјалното обвинителство. Клодијан Брахо беше првиот што ја поднесе својата апликација до КЛП, додека по него своите барања ги поднесоа и Елвин Гогај, Долореза Мусабелиу и Аднанд Џоли. Алтин Думани беше избран за шеф на СПАК на 18 декември 2022 година ...

Read More »

Во Албанија минатата година запленет имот вреден 59 милиони евра

Првиот човек на СПАК, Алтин Думани, го истакна напредокот постигнат во борбата против перењето пари и организираниот криминал, откривајќи дека вредноста на запленетите и конфискувани средства за 2024 година изнесува 59 милиони евра. Според него од вкупниот износ, 10 милиони отпаѓаат на криптовалути, што „масовно се користат од криминалните организации“. Борбата на СПАК против перењето пари има за цел да ...

Read More »

Уапсен шефот на Обвинителството на округот Валона

По налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК уапсен е првиот човек на Обвинителството во албанскиот приморски град Валона, Аурел Зарка, како и три други лица. По налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, уапсен е првиот човек на Обвинителството во албанскиот приморски град Валона, Аурел Зарка, како и три други лица. -Покрај Зарка, ...

Read More »

СПАК откри криминалната група, која за 20-45 илјади долари пренесувала албански државјани до САД

Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК  откри криминална група, која преку фалсификувана документација, организирала префрлување албански државјани, со крајна дестинација Соединетите американски држави. Оваа криминална активност се сомничи дека е добро организирана на транснационално ниво, бидејќи илегалниот премин во САД е потврдено дека се вршел на релација Албанија-Италија-Шпанија-Мексико-САД. Лицата инволвирани во оваа криминална активност вршеле, пред сè воспоставување ...

Read More »

Албанското Специјално обвинителство заплени имот тежок 41 милион евра

Со запленет имот во вредност од 41 милион евра, стекнат со криминал, се пофали Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК) во Албанија. Првиот човек на обвинителството Алтин Думани изјави дека во изминатава година имале многу работа и дека испратиле до судот 53 барања за пресуда, од кои 38 барања се за корупција. „Запленет е имот вреден 41 милион ...

Read More »

По налог на СПАК уапсен Јорго Горо, в.д. градоначалник на Химара

По налог на Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, вчера доцна попладне,  уапсен е  вршителот на должноста градоначалник на општина Химара, Јорго Горо, за злоупотреба на службената положба. Судија на претходна постапка му одредил притвор, а на три лица одговорни во секторот урбанизам мерка домашен притвор. Едно лице е во бегство. Горо  интервенирал во отуѓување државно земјиште да ...

Read More »

Во автомобилот во кој било семејството на шефицата на албансиот специјален суд удрило друго возило

Автомобилот на Националната гарда во кое било семејството на судијката на Специјалниот антикорупциски суд, Ирена Ѓока, синоќа доживеало сообраќајна несреќа во месноста Селита во Тирана, во која за среќа нема повредени, објавија медиумите. Во него според првичните истражни дејствија удрил автомобил на припадник на полицијата од градот Елбасан, кој изјавил дека изгубил контрола поради дождот и удрил во другиот автомобил, ...

Read More »