Четири кандидати во трката за нов шеф на СПАК

Мандатот на Алтин Думани завршува во декември, а четворица кандидати ги поднесоа своите платформи за избор на шеф на Специјалното обвинителство.

Клодијан Брахо беше првиот што ја поднесе својата апликација до КЛП, додека по него своите барања ги поднесоа и Елвин Гогај, Долореза Мусабелиу и Аднанд Џоли.

Алтин Думани беше избран за шеф на СПАК на 18 декември 2022 година и е вториот обвинител што го водеше СПАК од воспоставувањето на Специјалната структура, по Арбен Краја. Мандатот на главниот обвинител е 3 години и без право на повторен избор.