Tag Archives: Свет

Путин: Русија обезбеди пари за нуклеарна централа во Унгарија

За време на посетата на Будимпешта, шефот на руската држава прецизираше дека проектот на нуклеарната централа Пакс добил 12 милијарди долари. Првиот реактор би бил активиран во 2023 година. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека се осигурани пари за изградба на нуклеарни реактори за електричната централа во Унгарија. За време на посетата на Будимпешта, шефот на руската држава прецизираше дека ...

Read More »

Кралицата Елизабета ќе го предаде тронот

Постои можност британската кралица Елизабета 2 да го предаде тронот на синот принцот Чарлс за да стане крал. Весникот Мирор во веста која ја заснова на информации од британскиот кралски дворец истакнува дека 92 годишната кралица Елизабета 2, на блиските соработници им најавила дека круната се подготвува да ја предаде на 95 годишна возраст. По тој повод започнале подготовките во ...

Read More »

Прва иселеничка средба кај манастирот “Св. Спас“ во Драгобраште

  Желбата на македонските граѓани кои работат во западноевропските земји да се видат меѓусебно и да се дружат, се реализираше викендов во близина на виничкото село Драгобраште. Дворот на манастирот “Св. Спас“ беше претесен да ги прими сите заинтересирани кои дојдоа на првата иселеничка средба што ја организираше македонското здружение “Камен мост“, односно “Понте Ди Петра“ од гратчето Канели во ...

Read More »

Илинден одбележан кај Македонците во Западна Австралија

  Со свечена академија и богата културно- уметничка програма Македонската општина на Западна Австралија го одбележа претстојниот македонски национален празник Илинден. Одбележувањето започна во дворот на црквата „Св. Никола“ во Перт, со панихида за паднатите борци за слободата на Австралија и Македонија, а пред споменикот на паднатите борци венци положија македонските преживеани борци, организации и здруженија. Од име на Република ...

Read More »

Снимка на поларната светлина од Вселената (ВИДЕО)

Астронаутот на НАСА, Џек Фишер, кој се наоѓа на Меѓународната вселенска станица. Имено, тој објави видео и фотографии од величенствена зелена поларна светлина, која било снимена на 26 јуни годинава, соопшти НАСА. Инаку, Фишер неодамна беше на својата 200-та „вселенска прошетка“, заедно со својата колешка Пеги Вајтсон.  

Read More »

Нови санкции од САД врз Русија, Иран и Северна Кореја

Американскиот Претставнички дом го усвои предлогот за спроведување нови санкции врз Русија, Иран и Северна Кореја. Предлогот под наслов „Борба против непријателите на Америка преку санкции“ беше усвоен со гласовите на 419 конгресмени, додека 3 гласаа против. Според предлогот, врз Русија ќе се спроведат нови санкции поради чекорите што ги фрли во врска со Украина, додека Иран и Северна Кореја ...

Read More »

Летна школа по македонски јазик во организација на Агенцијата за иселеништво

Во организација на Агенцијата за иселеништво на Македонија од 22.07 до 28.07.2017 година во Охрид се одржува Летна школа по македонски јазик за децата од иселеништво. Децата покрај што ја следат наставата по македонски јазик се дружат и се запознават со убавините на Охрид. Сместувањето на учесниците и одржување на наставата е во прекрасниот хотел Когресмен центар. Ова година учество зедоја ...

Read More »

Расте притисокот врз Катар

  Саудиска Арабија,Египет, Бахраин и Обединетите Арапски Емирати ја проширија листата за која тврдат дека се состои од  организации кои соработуваат со терористички со уште 9 институции и лица. Како што соопшти египетската новинска агенција МЕНА во заедничкото соопштение кое го објавија четирите држави се истакнува следното : Во рамките на борбата за целосно уништување на терористичките организации на списокот ...

Read More »

Паѓа цената на нафтата

  Во Лондон, нафтата од видот „Брент“ паѓа надолу за 0.02% до 46 долари. Во однос на нафтата, златото благо поскапе за 0.2% и сега се продава за 1.248 долари за унца.  ОПЕК се отежнува да врши притисок, обидот во неомври 2016 година да се намали производството на нафта во земјите кои се дел од ОПЕК не успеа. Во договорот ...

Read More »

Откриен софтвер што може да урне електрична мрежа

Истражувачи од Словачка и САД открија, односно детектираа тн. штетен софтвер кој може да уништи цела електрична мрежа, наведувајќи дека веројатно токму тој малвер е одговорен за кусиот прекин на струја што се случи во Киев кон крајот на минатата година. Компаниите за кибер безбедност, словачката ЕСEТ и Драгос од американската држава Мериленд, соопштија дека овој малвер може да ги контролира прекинувачите ...

Read More »