
Постои можност британската кралица Елизабета 2 да го предаде тронот на синот принцот Чарлс за да стане крал. Весникот Мирор во веста која ја заснова на информации од британскиот кралски дворец истакнува дека 92 годишната кралица Елизабета 2, на блиските соработници им најавила дека круната се подготвува да ја предаде на 95 годишна возраст. По тој повод започнале подготовките во врска со предавањето на тронот. Кралицата Елизабета 2 на тронот седна во 1952 година.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden