Tag Archives: “Свети Јован Крстител” Бигорскиот манастир

Црковна делегација од Свети Јован Крстител – Бигорскиот манастир на големата прослава на споменот на Свети Јован Владимир во Елбасан (ФОТО)

Благочестие, духовно веселие, благодарност и молитвословие – сè што го допира срцето и го отвора умот кон небесната светлина, се слеа овие денови во благословената свештена обител на Свети Јован Владимир, близу Елбасан, каде што се прослави неговиот светол и благодатен годишен спомен. Беше тоа празник исполнет со величие и скромност, со светлина и благоговејност, со изобилна благодат и вдахновена ...

Read More »

Пет монашки рожби за Иванден во Бигорски

Ден на радост и торжество, Рождество велико и чудесно! Денес Претечата се раѓа – гласот на Словото, гласот кој од пустината повикува: покајте се! Ете, настапува новата епоха, години во кои Бог ќе склучи Нов Завет со човекот – Завет на помирение и љубов, на мир и единство со Бога. Доаѓа Мајката Марија со Богомладенецот Христос во утробата, при мајката ...

Read More »

Пресвета Богородица во чест на нејзината икона „Достојно ест“ во Свети Јован Крстител – Бигорскиот манастир

Свештената бигорска Обител традиционално и годинава го одбележа празникот на Пресвета Богородица во чест на нејзината икона „Достојно ест“, која во овој божји храм пристигна кусо по пожарот на 30 септември 2009 година, кога пламените јазици целосно го пеплосаа Горни Палат. Бигорскиот собир се закити со копијата од оваа прекрасна икона уште во 2009 година, како една слатка утеха после ...

Read More »

Излезе монографија за Бигорскиот манастир – иконата на Бистра

Пред празникот Велигден, од печат излезе монографијата „Иконата на Бистра, закрилник на православието“, единаесетто книжевно дело на Киро Кипроски, доајен на македонското новинарство и публицист, долгогодишен новинар на весникот „Нова Македонија“ од 1968 година. Издавач е Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“ – Ростуше. Монографијата e посветeна на 25-годишнината од возобновувањето на монашкото братство во Бигорскиот манастир, а по повод прославата ...

Read More »

Песнопенија за Страданијата Христови (ВИДЕО)

Со благослов и иницијатива на нашиот Старец и Игумен, Епископот г. Партениј, оваа година се реализира уште еден музички проект што се однесува на Страданијата Господови и на Воскресението. Имено, станува збор за музичка и лирска изведба на неколку песнопенија од богатата ризница на православната Црква за Страсната Седмица, аранжирани од г. Горан Трајковски. За составот на изведувачи се погрижи ...

Read More »

Амбасадорот на Словачка во Македонија, Маркуш во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

На 19. 03. 2021 година во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир, беше Амбасадорот на Република Словачка, г. Хенрик Маркуш, заедно со својата сопруга г-ѓа Жанета Маркушова, како и г-ѓа Катарина Хорнакова и г. Стојан Лековски. Г. Хенрик е долгогодишен пријател на нашите Обители и секогаш кога е во можност, и заради своја духовна полза, ги посетува нашите Светилишта. Почитуваните гости ...

Read More »

Новото лето Господово прославено со молитва и со изведба на каланди (ВИДЕО)

По благодатното евхаристиско тајноводство од страна на нашиот старец и владика, Епископот г. Партениј, на споменот на Обрезанието Господово и на Свети Василиј Велики, следуваше традиционалното прекршување на василопитата, во спомен на Свети Василиј Велики и чудото што тој го направил. Оваа година вистинска духовна наслада беше изведбата на повеќе возобновени божикни и новогодишни каланди од страна на составот „Чалгии ...

Read More »

„Кога двајца се караат, третиот користи“

(Реакција кон интервјуто на Ким Мехмети) За Бугарската новинска агенција „BGNES“ во петокот (18.12.2020) излезе интервју со Ким Мехмети. Со оглед на тоа што со ова интервју, насловено како „Македонија е ‘политичка филијала’ на Србија“, е нанесена неправда кон македонскиот идентитет и кон МПЦ-ОА, но и кон бисерот на мијачкиот крај – Бигорскиот Манастир (кој е, секако посветен на Свети ...

Read More »

Промовирана книгата „Епископ Партениј, Игумен Бигорски, 25 години монах и свештенослужител“

  На голема радост на нашата монашка заедница, деновиве од печат излезе новото книжевно издание на Свештената Бигорска Обител, подготвувано изминатава година: „Епископ Партениј, 25 години монах и свештенослужител“. Денеска, пак, во големата сала за свечености, во присуство на монасите, на монахињите од Рајчица и Кнежино и на затекнатите верници, се одржа промоцијата на истото. Согласно наложените услови поради рапидното ...

Read More »

Промоција на книги и поетско читање во Бигорски во чест на 1000-годишнината

Свештената Бигорска обител беше домаќин на уште еден духовно-културен настан, посветен на големиот јубилеј, илјада години од основањето. Во големата манастирска просторија за посебни пригоди беа промовирани три збирки на поезија: „Свештена Бигорска Обител“ и „Нашите празници“ од група автори, уредени од Вера Благојевиќ – Самарјанин и „Муабетење со умот“ од Нада Алексоска. Свеченоста ја отвори доајенот на македонската забавна ...

Read More »