Tag Archives: Виктор Орбан

Орбан повика на отпор против „реколонизацијата“ на Унгарија

Виктор Орбан, поранешниот унгарски премиер и лидер на опозициската партија ФИДЕС, во интервју за приватната телевизија „ХирТВ“ синоќа изјави дека Унгарија се наоѓа во процес на „реколонизација“ и повика на отпор. Тој исто така изјави дека неговата „десничарска и пронародна“ влада го обновила суверенитетот на земјата во периодот од 2010 до 2026 година, тврдејќи дека пред 2010 година „80 отсто ...

Read More »

Орбан повика на „отпор“ против новата унгарска власт предводена од Петер Маѓар

Поранешниот унгарски премиер, Виктор Орбан денеска го повика членството и симпатизерите на неговата партија „Фидес“ на „отпор“ против, како што рече, „самоволното владеење“ на неговиот наследник, Петер Маѓар. Во своето прво поголемо јавно појавување по изборниот пораз во април, Орбан пред своите поддржувачи во романското бањско лекувалиште Баиле Тушнад изјави дека „Фидес сега мора да дејствува на сосема поинаков начин ...

Read More »

Орбан реизбран за лидер на партијата Фидес

„Не се откажувам, никогаш, никогаш, никогаш, никогаш, никогаш, никогаш не се откажувам“, изјави Орбан во говорот пред гласањето на конгресот, повторувајќи дека ја презема целосната одговорност за изборниот пораз на партијата. Главната опозициска партија во Унгарија, Фидес, денеска го реизбра поранешниот премиер Виктор Орбан за лидер на уште една година и покрај тоа што партијата ја изгуби власта на изборите ...

Read More »

Орбан му ја честиташе победата на Маѓар во Унгарија

„Резултатот е јасен. Веќе ѝ честитав на победничката партија“, изјави Орбан, признавајќи дека ваквиот исход е исклучително болен за неговата коалиција Фидес-КДНП. Виктор Орбан се обрати пред јавноста откако беа пребројани најголемиот дел од гласовите на денешните избори. Тој го призна поразот на изборите. Во своето обраќање пред поддржувачите во изборниот штаб на Фидес, Орбан не остави простор за сомнеж ...

Read More »

Орбан: Унгарија не може да биде уценувана или заплашувана од украинските власти

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во видео објавено на Фејсбук изјави дека Унгарија не може да биде уценувана или заплашувана од украинските власти. Орбан тврди дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „вчера повторно се залагаше за блокада на нафта“, а украинските власти „не им дозволуваат на експертите од унгарската влада да пристапат до нафтоводот Дружба“.Зеленски намерно ја загрозува енергетската безбедност на Унгарија ...

Read More »

Вашингтон го поддржува Орбан пред изборите

Американскиот претседател Доналд Трамп е посветен на успехот на унгарскиот премиер Виктор Орбан бидејќи неговото лидерство и блискиот однос со Трамп се клучни за интересите на САД, изјави државниот секретар Марко Рубио изразувајќи цврста поддршка за унгарскиот лидер пред тешката изборна трка во април, забележаа агенциите. На прес-конференцијата со Орбан во Будимпешта во понеделникот Рубио рече дека врските на САД ...

Read More »

Рубио се сретна со Орбан во Будимпешта

Американскиот државен секретар Марко Рубио ја започна својата официјална посета на Унгарија и денеска во Будимпешта разговараше со унгарски официјални претставници, вклучувајќи го и премиерот Виктор Орбан. Како што пренесуваат унгарски медиуми, тие разговарале за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, особено мировните процеси и енергетските односи меѓу САД и Унгарија. Рубио вчера пристигна во Унгарија од Словачка, каде што ...

Read More »

Орбан: Одбиваме да испратиме војници и пари во Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека се спротивставува на испраќањето финансиска и воена поддршка на Украина, предупредувајќи дека ваквите потези би можеле да доведат до директен конфликт со Русија. „Денес станува збор за испраќање унгарски пари во Украина, а утре би можеле да бидат млади Унгарци испратени да се борат“, рече Орбан на „Х“. Тој нагласи дека Унгарија „вели ...

Read More »

Средба Путин – Орбан во Москва

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан во Кремљ во Москва заврши по речиси четири часа разговори, објавија руските медиуми. Путин и Орбан разговараа за ситуацијата во Украина и билатералните односи на средбата во Москва денес. Путин рече дека американскиот претседател Доналд Трамп предложил одржување разговори меѓу Русија и САД во Унгарија, објавија руските медиуми. „Тој ...

Read More »

Унгарскиот премиер Виктор Орбан: По средбата Трамп-Путин, светот е побезбеден

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, денес соопшти дека светот е посигурно место по состанокот помеѓу претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и неговиот руски колега, Владимир Путин, на Алјаска. Со години бевме сведоци како двете најмоќни нуклеарни сили ги укинуваат темелите на нивната кооперација и разменуваат остри пораки, напиша Орбан на Фејсбук. Тој дообјасни дека оваа практика сега е завршена. ...

Read More »