Tag Archives: Виктор Орбан

Убедлив триумф на Виктор Орбан на изборите во Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан доби уште еден мандат. Резултатите покажуваат дека Орбан е апсолутен победник со 2/3 од пратеничките места во Собранието. Коалицијата предводена од евроскептикот Орбан обезбеди 53 отсто или 135 пратенички места, додека неговиот противкандидат Петер Марки-Зај со коалицијата „Обединети за Унгарија“ обезбеди 35 отсто или 56 места. Во своето прво појавување по изборниот резултат, Орбан рече дека ...

Read More »

Виктор Орбан реизбран за лидер на Фидес

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска беше реизбран за лидер на владејачката партија Фидес на 29-от конгрес на партијата во Будимпешта. Орбан е избран со 1.061 глас „за“, јави МТИ. Тој рече дека Унгарија нема да ја напушти Европската унија, но дека ќе се спротивстави на обидите на Брисел да го наруши нејзиниот суверенитет, пренесе Ројтерс. По комунистичката бирократија… не сакаме нови ...

Read More »

Мета се сретна со Орбан: Заложба за унапредување на економските на одличното ниво на политичките односи

Во рамки на официјалната посета на Унгарија, албанскиот претседател, Илир Мета остварил средба и со премиерот Виктор Орбан. Како што информираа од неговиот кабинет, Мета изразил благодарност до премиерот Орбан за значајната и безрезервна поддршка што и ја дава на Албанија за отворање на преговорите за членство со Европската унија. Откако ја високо ја оцени заложбата на Владата на премиерот ...

Read More »

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги обвини лидерите на ЕУ дека се однесуваат како „колонијалисти“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги обвини лидерите на ЕУ дека се однесуваат како „колонијалисти“ кога го критикуваат спорниот унгарски закон кој сметаат дека ги ограничува правата на ЛГБТ лицата во таа земја. Лидерите на Европската Унија го критикуваа Орбан поради тој закон на самитот во Брисел минатата недела, а холандскиот премиер Марк Руте кажа дека Унгарија треба или да ги ...

Read More »

Унгарија силно и непоколебливо го поддржува членството на Албанија во ЕУ

Унгарија силно и непоколебливо го поддржува членството на Албанија во големото европско семејство. Тоа е во интерес на сите страни, изјавил унгарскиот премиер Виктор Орбан на попладневната заедничката прес-конференција со албанскиот колега Еди Рама, кој од вчера се наоѓа во посета на Унгарија. Сакам да ве запознам со премиерот на Албанија, кој е голем пријател на Унгарија. Тој победи на ...

Read More »

Орбан, Моравјецки и Салвини ги удрија темелите на нов сојуз

Премиерите на Унгарија и Полска, заедно со лидерот на италијанската партија Лига, поставија нови темели на сојузот на конзервативната десница во Европа, но тие не спомнаа дали тоа ќе доведе до промени во политичките групи во Европскиот парламент . Во исто време, Лондонската школа за економија објави извештај во кој проценува дека крајно десничарските европратеници делат премногу разлики за да ...

Read More »

Унгарската партија Фидес целосно ги прекина врските со ЕПП

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата владеачка партија Фидес денеска целосно ги прекинаа врските со Европската народна партија (ЕПП), чекор што се доживува како формалност по долгогодишните расправии околу основните вредности на Европската унија и владеењето на правото, јави ДПА. Во писмото, објавено на Твитер од потпретседателот на унгарската владеачка партија, Каталин Новак, се вели дека Фидес повеќе не сака ...

Read More »

Орбан преговара со десничари за формирање нова пратеничка група во ЕП

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес потврди дека неговата партија Фидес преговара со европските конзервативни политички сили, вклучувајќи го и италијанскиот популист Матео Салвини, за формирање нова парламентарна група во Европскиот парламент (ЕП), пренесува Ројтерс. Агенцијата наведува дека Орбан денес на унгарското државно радио изјавил дека, откако неговата партија ја напушти парламентарната група на конзервативната Европска народна партија (ЕПП) во ЕП во ...

Read More »

Унгарскиот премиер Орбан изјави дека неговата партија Фидес ја напушти Европската народна партија

Унгарската владејачка десничарска партија Фидес денеска ја напушти Европската народна конзервативна група (ЕПП) во Европскиот парламент, соопшти премиерот Виктор Орбан. „Со ова ве известувам дека европратениците од Фидес поднесуваат оставки од своето членство во групата на ЕПП“, наведе Орбан во писмото до лидерот до пратеничката група на ЕПП Манфред Вебер“, е објавата на Твитер на еден од унгарските министри. Одлуката ...

Read More »

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски во Будимпешта оствари средба со премиерот на Унгарија Орбан и со министер за надворешни работи Сијарто

Денеска (18 јануари, 2021 година) Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. Д-р Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски во Будимпешта остварија работна средба со премиерот на Унгарија и претседател на партијата Фидес Виктор Орбан, како и работен појадок со унгарскиот министер за надворешни работи  Петер Сијарто. На средбата со унгарскиот премиер Орбан беа констатирани одличните и пријателски односи кои што постојат помеѓу ...

Read More »