Tag Archives: Владимир Путин

Путин во државна посета на Индија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја почнува дводневна државна посета на Индија, пренесе ДПА. Ова ќе биде негова прва посета на најнаселената земја во светот од почетокот на руската инвазија на Украина пред повеќе од три и пол години. По приватната вечера со премиерот Нарендра Моди по пристигнувањето, двајцата лидери повторно утре на 23-от самит Индија-Русија, според извештаите на локалните ...

Read More »

Средба Путин – Орбан во Москва

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан во Кремљ во Москва заврши по речиси четири часа разговори, објавија руските медиуми. Путин и Орбан разговараа за ситуацијата во Украина и билатералните односи на средбата во Москва денес. Путин рече дека американскиот претседател Доналд Трамп предложил одржување разговори меѓу Русија и САД во Унгарија, објавија руските медиуми. „Тој ...

Read More »

Путин пред самитот со Трамп: САД искрено се трудат да се реши кризата во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека САД вложуваат „искрени напори“ за наоѓање решение за војната во Украина и посочи дека Москва и Вашингтон би можеле да постигнат договор за контрола на нуклеарното оружје што би можел да го зајакне мирот, објави Тасс . Рускиот лидер честопати го нарекува нападот врз Украина и постојаното бомбардирање на цивилните центри „криза“ или „специјална воена операција“. ...

Read More »

Путин по разговорот со Трамп: Подготвени сме за работа на меморандум со Украина, вклучувајќи и примирје

„Русија е подготвена да работи на меморандум со Украина, вклучително и прекин на огнот“, изјави рускиот претседател Владимир Путин во својата прва реакција по двочасовниот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, јави Хина. Телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп заврши пред малку. Рускиот претседател разговорот го опиша како „информативен, искрен и многу корисен“, пренесуваат руските агенции. Путин наводно му ...

Read More »

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета, од овој момент конфликтот има елементи од глобален карактер

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека утринава нападот врз централниот украински град Днипро бил извршен со „нова конвенционална ракета со среден дострел“. Тој додаде дека ракетата го носи кодното име Орешник. Путин ова го изјави за време на телевизиското обраќање во кое зборуваше за ситуацијата на бојното поле. „Би сакал да го информирам персоналот на руските вооружени сили, граѓаните на ...

Read More »

Путин: Ако Западот и дозволи на Украина да напаѓа со проектили со долг дострел тоа би значело дека НАТО е во војна со Русија

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека ако Западот и дозволи на Украина напади со ракети со долг дострел на руска територија тоа би значело дека „земјите на НАТО се во војна со Русија“. Ако ова одлука биде донесена, тоа би значело директно вклучување на земјите на НАТО во војната во Украина и тоа би ја сменила природата на ...

Read More »

Путин: Москва е подготвена да се вклучи во мировниот процес меѓу Азербејџан и Ерменија

По разговорите со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во Баку на 19 август, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва е подготвена да се вклучи во процесот на потпишување мировен договор меѓу Азербејџан и Ерменија врз основа на трилатералните договори постигнати по 44-дневната војна меѓу двете јужнокавкаски нации во 2020 година. „Ние сме, исто така, подготвени да го олесниме разграничувањето и ...

Read More »

Путин го повика Блискиот Исток да се воздржи од нови конфликти

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика сите страни на Блискиот Исток да се воздржат од потези кои би предизвикале нов конфликт кој би имал катастрофални последици, објави Кремљ на 16 април, пренесува Ројтерс. Путин, кој ги зајакна врските со Иран откако испрати руски војници во Украина во 2022 година, телефонски разговараше со иранскиот претседател Ебрахим Раиси за нападот на Иран ...

Read More »

Путин ќе се кандидира на претседателските избори во март

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека повторно ќе се кандидира за функцијата на изборите закажани за 17 март 2024 година. Државната новинска агенција ТАСС денеска (8 декември) го цитираше Путин кој откако присуствувал на церемонија во Кремљ кажал дека ќе се кандидира повторно. На церемонијата по која произлезе објавата, на војниците кои се бореле во Украина им беше доделена највисоката ...

Read More »

Путин: Русија ќе постави нуклеарно оружје во Белорусија

Москва ќе ја заврши изградбата на објектот за тактичко вооружување во соседната земја до јули, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Руското тактичко нуклеарно оружје би можело да пристигне во Белорусија уште ова лето, откри денеска рускиот претседател. Москва ја завршува изградбата на специјализиран објект за складирање на такво оружје, во услови на постојани повици од Минск да го распореди на ...

Read More »