Лична честитка од патријархот Кирил за признавањето на канонската автокефалност на МПЦ-ОА. Патријархот телефонски разговарал со архиепископот охридски и македонски, Г.Г. Стефан и побарал од него да се моли за Руската православна црква во сегашните тешки времиња. Како што соопшти прес службата на РПЦ, рускиот патријарх упатил благодарност до поглаварот г.г Стефан за гостопримството на руската црковна делегација и сослужувањето во Лесновскиот манастир.
„Светиот патријарх го увери својот соговорник за непоколеблива сестрана поддршка со Московската патријаршија и побара од него да се моли за Руската православна црква во сегашните тешки времиња.“ Патријархот московски и на цела Русија говорел за љубовта што верниците ја имаат кон своите православни браќа во Македонија.
Архиепископот Охридски и македонски во телефонскиот разговор изразил надеж дека наскоро и лично ќе се сретнат со Рускиот патријарх.
Рускиот митрополит Антониј во рамки на тридневната посета во Македонија остварил официјална средба и со амбасадорот на руската Федерација во земјава Сергеј Бездникин да се заблагодарат за помошта во организирањето на посетата и за развивањето на контактите меѓу двете цркви.
„Се разговараше и за меѓуправославните односи, состојбата во Македонија и изгледите за развој на руско-македонските меѓуцрковни односи, како и голем број прашања од заеднички интерес.
Во Лесновскиот манастир архиепископот Охридски и македонски вчера сослужуваше со архиерејска литургија заедно со владиците од Руската православна црква. Инаку оваа официјална посета се случува во време кога МПЦ ОА очекува Томос од Вселенската патријаршија за добивање автокефалност. РПЦ како што и официјално соопштија го признава томосот на СПЦ за канонскиот автокефален статус на македонската црква.