Терористички напад во Ница, најмалку тројца убиени (ВИДЕО)

Напаѓач со нож уби три лица во црква во францускиот град Ница, пресекувајќи му грло на најмалку едно лице, во инцидент што ги натера француските обвинители да отворат истрага за тероризам. Извор од полицијата рече дека една од жртвите, жена, била обезглавена во денешниот напад. Француската десничарска политичарка Марин Ле Пен, исто така, зборуваше за обезглавување што се случило во нападот. Информацијата сè уште не е официјално потврдена.

Градоначалникот Кристијан Естроси на Твитер соопшти дека нападот со нож се случил во или во близина на градската црква Нотр Дам и дека полицијата го привела напаѓачот, кој моментално е во болница. Естроси им изјави на новинарите дека осомничениот напаѓач постојано извикувал „Алаху Акбар“ (Бог е најголем) дури и откако бил уапсен од полицијата и дека францускиот претседател Емануел Макрон бил на пат кон Ница. Француските обвинители за борба против тероризмот отворија истрага за, како што рече Естроси „исламофашистички напад“. Полицијата соопшти дека уште неколку лица биле ранети во нападот.

Advertisement