Терористички напад во Нов Зеланд 49 мртви, 50 повредени и четворица уапсени (ВИДЕО)

Политичките и верските лидери го осудија денешниот напад во две џамии во градот Крајстчрч на Нов Зеланд, при што загинаа 49 лица, а најмалку 20 се потешко повредени. Масакрот, кој е извршен за време на петочната молитва, е најсмртоносниот напад во историјата на Нов Зеланд.

Голем број граѓани на социјалните мрежи изразија згрозување од снимката која кружи на Интернет, а на која е прикажан напаѓачот како ги убива луѓето во џамијата со истрели од автоматска пушка.

 

https://www.youtube.com/watch?time_continue=4&v=yIUMNX1wLqQ