
Tоп Шоу е најгледана емисија на Националната телевизија на Република Македонија. Ввчерашната емисија беше посветена на неодамна изгласаниот во албанскиот Парламент, Законот за малциствата. Васил Стерјовски преставник на македонското национално малциство во емисијата рече дека со Законот се создава вештачко малцинство – бугарско, но и дека единствени Бугари во Албанија се вработените во Бугарската амбасада во Тирана. Признавањето на непостоечко бугарско малцинство во областите Преспа, Голо Брдо и Гора, кои со децении се населени со Македонци го сметаме за грубо кршење на меѓународното право, Универзална декларација за човекови права и слободи. Во Албанија, според историските факти и пописите на населението, не постои бугарското малцинство, такво малцинство постои само во главите на бугарските власти во Софија. Според нас, остана нејасно како бугарското малцинство влезе како 9-то во редот напостоечките малцинства во Република Албанија, кога во ниту еден попис досега не постоел ниту еден Бугарин во Република Албанија.
Прв дел од емисијата
Втор дел од емисјата
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden